Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

    Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

    22.10.2025 во 21:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а поголема фрагментација по однос на големата бројка на листи за кандидати за советници. На парламентарни избори има поголем процент на излезеност, а истовремено има помала фрагментација и национална униформирана кампања“, вели Антонијо Милошоски, член на ИК и пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на Алсат телевизија.

    Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема победа на локалните избори досега, како и дека претставува мотив за да се продолжи со посветена работа и во иднина. Пратеникот Милошоски додаде дека во вториот круг очекува уште една голема победа и посветеност за оправдување на довербата којашто ја добиваме од граѓаните.

    „Ние овие локални избори ги споредуваме со локалните избори во 2021 година. Имаме пораст и во бројот на добиени советници и во бројот на добиени градоначалници. 2021 година освоивме 22 градоначалници, а сега имаме 33 градоначалници, наспроти тоа, ги имаме ДУИ со освоени само 3 градоначалници, СДСМ само 3 градоначалници и ВЛЕН како коалиционен партнер со освоени 5 градоначалници“, рече Милошоски во интервју на Алсат и додаде:

    „Сметаме дека како владина коалиција ја добиваме повторно поддршката којашто ни е потврдена и на локално ниво“.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.