Author: Author 03

Подарокот ја оставил снаата на Драгана без здив, а според соговорникот, таа не можела да ги скрие своите емоции.Драгана Мирковиќ стана баба пред два дена, кога нејзината снаа Мелани роди девојче, Ксенија. Новата баба не ја крие својата возбуда и радост поради новороденчето во семејството, а наводно дала повеќе од 15.000 евра за опремување на собата на бебето.На снаата Мелани и купила прекрасна дијамантска нараквица. – Станува збор за рачно изработена нараквица со гравирани иницијали, украсена со низа мали дијаманти кои ја симболизираат нераскинливата врска помеѓу мајката и ќерката.Драгана ја држи Мелани како мала вода на дланката, ја смета за…

Повеќе

Во случајот со Прилепската болница, судот им определи притвор до 30 дена на шест лица, на 19 мерка за претпазливост, а на седум фирми забрана за учество во постапки за јавни набавки, потврди за МИА претседателката на прилепскиот Основен суд Јасмина Шишковска. Од шесте лица, четворица се од болницата, дел од поранешното раководство, а две лица се надворешни. Четворица од шесте осомничени – мажи притворот ќе го издржуваат во Затворот во Битола, а две жени во затворот во Шутка. Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори истрага за вкупно 32 физички и правни лица. Според обвинителството, сите се осомничени за злоупотреба…

Повеќе

„Погубно е главниот град да биде, буквално може да кажам, затрупан со ѓубре и со смет. Ситуацијата е веќе апокалиптична, тоа што го гледаме на терен е неодговорно и буквално за срам. Надлежностите коишто ги има Град Скопје, очигледно, гледаме дека не ги извршува“, вели Драгана Бојковска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Бојковска се осврна на алармантната состојба со отпадот во Скопје, чија надлежност е на Град Скопје и нагласи дека извршен е инспекциски надзор и итна истрага за ЈП Комунална хигиена. „Веќе видовме во текот на вчерашниот ден…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорката на ЕБРД Одил Рено-Басо. – Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ, објави на Фејсбук премиерот Мицкоски.

Повеќе

Иванка Василевска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата Аргумент+ на телевизија 24. Пратеничката Василевска посочи дека процесот на подготовки за локални избори во секоја сериозна политичка структура почнува многу порано затоа што е многу важно што ќе добијат граѓаните како политичка понуда на претстојните локални избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. „Поддршката кон Орце Ѓорѓиевски не е само поради припадноста во ист политички субјект и иделошка, туку е и суштинска, бидејќи е докажан и којшто помина низ повеќе филтри на докажување и оттаму сум сигурна сум дека многу скоро…

Повеќе

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, извршија претреси на повеќе локации низ Градот Скопје, поради основано сомневање за сторени кривични дела Лихварство и Перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинителот, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 осомничени лица за кои постои основано сомневање дека деветмина од нив како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека тројца се осомничени за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Деветмината осомничени…

Повеќе

Кризата со несобраниот отпад во Скопје веќе не е само прашање на хигиена и естетика, туку сериозен здравствен ризик, предупредуваат експертите. Преполните контејнери и расфрланиот отпад на улиците создадоа идеални услови за размножување на глуци и стаорци, пренесува Телма. Познатиот микробиолог д-р Никола Пановски предупредува дека доколку институциите не реагираат итно, градот се соочува со потенцијална епидемиолошка катастрофа. „Ова што го гледаме е невидено. Такви сцени имало во 16. и 17. век, кога не можело да се собере ѓубрето. Единствена среќа е што времето е релативно ладно. Да беше 37 степени, ќе имавме совршени услови за развој на бактерии, муви…

Повеќе

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека општината има рекордна реализација на буџетот во третиот квартал од 307 милиони денари на приходната страна. Историски една милијарда и петсто милиони денари реализација во еден мандат, наспроти милијарда и шесто милиони реализирани во предходните девет години, додаде тој. Го забрзавме развојот на општината за два пати, продолжуваме уште посилно. Ја одржавме последната седница на совет во стариот состав, имавме добра соработка и се донесоа важни одлуки за сите граѓани. Им посакувам успех понатаму на сите, потенцира Стојкоски во објавата на својот фејсбук профил.

Повеќе

Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со британскиот премиер, Кир Стармер. На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот, додаде Мицкоски. Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се одржуваат во текот на денот, нотира во објавата. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, нотира во објавата на фејсбук премиерот Мицкоски.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација ушествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со директорката на ЕБРД, Одил Рено-Басо. За средбата со Рено-Басо, премиерот пишува дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата. -На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја. Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани, наведува Мицкоски на Фејсбук.

Повеќе