Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Белгиската армија доби овластување за соборување беспилотни летала

    Белгиската армија доби овластување за соборување беспилотни летала

    22.10.2025 во 20:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот „Одбранбен законик“ на Белгија експлицитно ќе ја овласти војската да соборува беспилотни летала, изјави белгискиот министер за одбрана Тео Франкен за време на парламентарната седница, истакнувајќи дека сегашната законска рамка остава простор за толкување.

    Според сегашното законодавство, мислам дека е можно, но мора јасно да ги дефинираме правилата за нашите војници да бидат заштитени и од правна страна“, нагласи Франкен, објави „Браселс тајмс“.

    Прашањето беше покренато откако беспилотни летала беа забележани над воениот камп Елзенборн, во близина на германско-белгиската граница, во ноќта меѓу 2 и 3 октомври.

    Потеклото и целта на беспилотните летала остануваат непознати, а во тек е судска истрага во која е вклучена воената разузнавачка служба SGRS.

    Војниците во моментов имаат можност да откриваат и попречуваат беспилотни летала, односно да ги блокираат за да ја заштитат воената опрема, инфраструктурата или транспортот.

    Меѓутоа, законската основа за нивно соборување е сè уште спорна, иако постојат технички можности за тоа.

    По инцидентот во Елзенборн, белгиското Министерство за одбрана издаде упатство до сите воени единици и гарнизони, како и до војниците на терен, да ја зголемат будноста кога станува збор за присуство на беспилотни летала во близина на воени објекти.

    Прочитај повеќе

    Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума

    07.10.2026 во 23:50

    Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам

    07.10.2026 во 23:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.