Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Лондон: Ќе се бориме за македонските национални интереси – местото ни е во ЕУ

    Мицкоски од Лондон: Ќе се бориме за македонските национални интереси – местото ни е во ЕУ

    22.10.2025 во 21:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Лондон ја оцени како исклучително успешна својата посета и серијата средби со високи претставници од европскиот и британскиот политички врв.

    Во својата изјава, Мицкоски истакна дека во текот на денот биле отворени важни теми поврзани со економијата, безбедноста, европските интеграции, но и со справувањето со нелегалната миграција.

    „Генерално имавме многу плоден ден, со многу состаноци што опфатија економија, безбедност и интеграцијата на Македонија во ЕУ, теми коишто беа доминантни и на Самитот на Берлинскиот процес. Дополнително, отворивме и прашањето за нелегалната миграција“, рече Мицкоски.

    Тој го започнал денот со средба со францускиот министер за Европа, Бенжамин Хадад, пренесувајќи ги македонските ставови и очекувања од ЕУ, како и барањето за почитување на меѓународното право од страна на источниот сосед, вклучително и интегрирање на македонската заедница во институциите.

    „Тоа не се дополнителни услови, туку партнерство и добрососедски односи“, подвлече Мицкоски.

    Во делот на безбедноста, фокусот бил ставен на енергетската безбедност и развојот на гасната инфраструктура преку интерконектори со Грција и Србија. Особено беа нагласени и Коридорите 8 и 10 како стратешки важни не само за Македонија, туку и за Европа и НАТО.

    Осврнувајќи се на прашањето на нелегалната миграција, Мицкоски нагласи дека Македонија „ја брани Европа од Европа“, бидејќи мигранти нелегално влегуваат преку земји членки на ЕУ. Тој пред британскиот премиер Стармер ја изнел идејата за ангажман на британски експерти и безбедносен персонал на македонските граници.

    Посетата беше заокружена со потпишување на меморандум за разбирање со американско-британски конзорциум, кој ќе инвестира околу 150 милиони долари во фабрика за производство во наменската индустрија во Македонија, со потенцијал за отворање на стотици работни места, а со план за достигнување инвестиции до 1 милијарда долари.

    „Тоа ќе биде НАТО-стандардизирана продукција, насочена кон меѓународниот пазар, особено земјите членки на Алијансата“, информираше Мицкоски, додавајќи дека се очекува производството да започне во 2027 или 2028 година.

    Во изјавата, тој ја нагласи важноста од победа и дома и на меѓународен план:
    „Мора да победуваме и дома – со реформи, и надвор – во Лондон, Брисел, Париз, Берлин, Вашингтон… Ќе се бориме да ги браниме македонските национални интереси и идентитетот, со целосен фокус на нашата стратешка цел – членство во ЕУ.“

    Посетата вклучи и неформален разговор со британскиот крал, при што се разменети ставови и лични искуства, а Мицкоски тоа го оцени како голема чест и важен сигнал за односите меѓу двете земји.

    „Останувам оптимист. Ќе се бориме за иднината на Македонија, за иднината на нашите граѓани“, порача Мицкоски, најавувајќи враќање во Скопје и продолжување на активностите за вториот круг од локалните избори, како и одбележување на празникот 23 Октомври – Денот на ВМРО.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат

    06.10.2026 во 12:11

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.