Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска

    Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска

    06.10.2026 во 12:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Комисијата за имунизација донесе одлука за времено одложување на вакцинацијата со БСЖ, по информациите од Хрватска за појава на несакани реакции од вакцината против туберкулоза.

    Од Министерството за здравство информираат дека Македонија користи вакцина од истиот производител како Хрватска, поради што веднаш била контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД и биле побарани податоци за сериите вакцини што се користат во земјава.

    Вакцинацијата ќе остане времено запрена додека не се добијат целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со пријавените несакани реакции.

    Од Комисијата потсетуваат дека БСЖ вакцинацијата во Македонија е задолжителна, бидејќи земјата се смета за подрачје со висок ризик од туберкулоза.

    Во моментов на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза, од кои 83 се регистрирани годинава. Во Детската болница Козле во 2025 година биле евидентирани 15 случаи, а годинава 12 нови случаи.

    Во изминатите десет години до МАЛМЕД била пријавена само една сомнителна несакана реакција од БСЖ вакцина, во август 2022 година, кога кај пациент се појавил апцес на местото на апликација на вакцината.

    Прочитај повеќе

    За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот

    06.10.2026 во 11:55

    Кривична за директор од Свети Николе

    06.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.