Close Menu
Press24
    Најново

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пензискиот фонд се наоѓа пред сериозен колапс поради неодговорните економски политики и постојаното зголемување на дефицитот, кој достигна историски највисоко ниво, обвинува опозициската СДСМ.

    Пратеничката Јована Тренчевска на прес-конференција во партиското седиште вели дека дупката во ПИОМ е повеќе од 14% од државниот буџет.

    „Арамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ пред колапс. Дупката во Пензискиот фонд ја зголемија на историски 1 милијарда евра, над 14% од целиот државен буџет. Иако од 1 јули придонесот за ПИОМ е зголемен за еден процентен поен, преку пренасочување на средствата што одеа во Агенцијата за вработување, дефицитот продолжува да расте. Последните анализи на Фискалниот совет укажуваат дека дупката ќе се зголеми на 1.3 милијарди евра во наредните години! Исплатите на пензиите на сегашните и идните пензионери се во ризик.“

    Според опозициската партија, најавеното дополнително зголемување на пензиските придонеси директно ќе ја загрози куповната моќ на граѓаните. Зголемувањето на трошоците за вработување ќе се одрази негативно врз компаниите, што во краен случај ќе доведе до пониски нето-плати за домашните работници.

    „И што прави криминалната власт? Посегнува по џебот на граѓаните, по парите на компаниите, најавува зголемување на придонесите за пензиско осигурување. Нов арамилук. Работодавачите нема да можат да поднесат поголем трошок за вработување и тоа ќе значи помала нето плата за работниците. На македонските работници кои се со најмали плати во Европа, уште ова им треба. Помали плати и неизвесни пензии е резултатот на криминалните политики на Мицкоски“, вели Тренчевска.

    Во реакцијата се истакнува и сомнежот дека Владата наводно подготвува терен за пренасочување на средствата од приватните пензиски фондови под изговор на нови инвестиции, со што директно се ставаат во ризик личните заштеди на стотици илјади осигуреници.

    „Пензионерите се украдени од власта, пензиите не им се зголемија колку што требаше, сега се соочуваат со неизвесност. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Најновиот изговор за да им ги украдат парите на граѓаните и на идните пензионери се измислени иневстиции. Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без важна потпора за идната пензија. Тоа е класичен арамилук и неодговорно поигрување со животната сигурност на стотици илјади сегашни и идни пензионери. Владата на Мицкоски да ги тргне рацете од парите на народот и идните пензионери, да ги скрати парите од луксузи, од криминални тендери и да почне да ја намалува дупката во ПИОМ веднаш“, вели таа.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.