- СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија
- Сиљановска-Давкова од Љубљана: Промените на Уставот најчесто беа уставен инженеринг, а не реформи во интерес на граѓаните
- Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба
- Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети
- Трамп се закани со нови воени напади врз Иран во рок од неколку дена доколку нема договор
- Божиновска: Декарбонизацијата е конкретен патоказ и обврска кон Европската Унија
- Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ: Нема кратење на студентските стипендии, тоа е чиста манипулација
- Европскиот Парламент ја одликуваше Меркел
Author: Author 03
Британскиот премиер Кир Стармер денеска за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и пред состанокот на сојузниците на Украина во Лондон повика „да се направи повеќе за се зајакнат украинските средства за напади со долг дострел“. -Мислам дека можеме да направиме повеќе за средствата, особено за средствата со долг дострел, рече Кир Стармер пред состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ од 26 претежно европски земји кои го поддржуваат Киев. „И секако, тука е и виталната работа на „Коалицијата на подготвените“ за безбедносните гаранции што треба да му се дадат на Киев“, додаде тој. Зеленски и Стармер разговараа откако…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска соопшти дека Централното претседателство едногласно донело одлука да побара распишување на предвремени парламентарни избори. Во соопштението, се наведува дека ставот за предвремени избори е заеднички и со партнерите во рамки на коалицијата Национална Алијанса за Интеграција (НАИ), која, според ДУИ, ја има поддршката на мнозинството граѓани во државата. „По три изборни циклуси по ред – претседателски, парламентарни и локални – волјата на граѓаните е јасна, недвосмислена и во поддршка на НАИ“, се вели во соопштението. ДУИ посочува дека во изминатите година и пол, граѓаните три пати ја потврдиле својата доверба во оваа коалиција, која…
Дел од лидерите и раководни структури на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска на градскиот плоштад во Тетово имаа средба со активистите и граѓани со цел симболично да означат продолжување на кампањата во пресрет на вториот круг од локалните избори. По настанот пред новинарите зборуваше само претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами. -Ние докажавме дека имавме најдобар избор за нашите граѓани затоа што нашите кандидати ја добија поддршката на гласачите, исто така и програмата која ние ја подготвивме за секоја општина одделно. Испадна дека е најприфатлива најреална за решавање на проблемите на нашите…
Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ упати повик до жителите нанеговата општина да му ја дадат довррбата на 2 ноември да ја води општината воследните четири години.„Време е за промена во Центар. Резултатите од гласањето во првиот круг недвосмисленопокажаа опозициско расположение во општината. Близу 2/3 од тие што излегоа наизборните места, гласаа против актуелниот градоначалник Горан Герасимовски. Затоа штосакаат промена на нештата, сакаат нешто ново, поинакво – а тоа значи нова визија, новаенергија, непресушна река на идеи и проекти за подобрување на секојдневниот живот награѓаните. Но, и нивно активно учество во носењето на сите одлуки што во надлежност наопштината,…
Доктор Никола Пановски преку социјалните мрежи предупредува дека Скопје се соочува со наезда на стаорци ако нешто итно не се преземе и не се исчисти ѓубрето во главниот град. Вториот круг, заедно со рокот на жалби, предавањето на функцијата, нема да заврши пред 9.11.2025. За 18 дена стаорците, па и глувците може енормно да се размножат. Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство. Излегуваат од подрумите, канализацијата и се хранат, се оплодуваат и за едем месец од секое животно ќе се создадат во просек по 10 младенчиња. Значи и по евентуално чистење на градот…
Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби, подвлече во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија „Од идеја до држава“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. -На денешен ден…
Следете во живо свечена академија по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба -23 Октомври.
Група граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник и најверојатно прв градоначалник Албанец на општина Чашка. Иствремено се одлучуваше по пет жалби поднесени до ДИК за процесот на гласање во Општина Чашка. Од нив, четири се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, две за Горно Јаболчиште и една во Долно Јаболчиште. Една жалба во селото Мелница е поднесена од партијата СДСМ. објави Скопје1.мк Приговорите се за процесот на гласање, односно не работела биометриската опрема, а се гласало преку списокот на избирачкото место. ВИДЕО ОД ПРОТЕСТОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, општина Центар Жупа за давање лажна изјава. -Кривична пријава е поднесена против Н.И.(30) од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид Додаде дека Н.И. на 29 минатиот месец, свесно и со умисла, во управните служби кажал дека ја изгубил возачката дозвола поради што, поднел барање за издавање на нова возачка. -При преземени мерки, констатирано е дека неговиот исказ бил лажен бидејќи…
Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Годинава за остварување во областа на културата и уметноста наградата им беше доделена на актерот Гоце Тодоровски, на писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, на поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и на писателот, академик Божин Павловски. На доделувањето на наградата присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
