Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста
    • Млад човек во Хрватска е казнет со 600 евра поради објава на Инстаграм
    • Скопје продолжува со борбата против комарците: Вечерва 13. теренска дезинсекција
    • Силен земјотрес ја погоди Италија
    • Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години
    • ФОТО: Се запали куќа во Козле
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стармер на средба со Зеленски: На Украина да и се овозможат средства за напади со системи со долг дострел

    Стармер на средба со Зеленски: На Украина да и се овозможат средства за напади со системи со долг дострел

    24.10.2025 во 17:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Британскиот премиер Кир Стармер денеска за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и пред состанокот на сојузниците на Украина во Лондон повика „да се направи повеќе за се зајакнат украинските средства за напади со долг дострел“.

    -Мислам дека можеме да направиме повеќе за средствата, особено за средствата со долг дострел, рече Кир Стармер пред состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ од 26 претежно европски земји кои го поддржуваат Киев.

    „И секако, тука е и виталната работа на „Коалицијата на подготвените“ за безбедносните гаранции што треба да му се дадат на Киев“, додаде тој.

    Зеленски и Стармер разговараа откако британскиот крал Чарлс III повторно го прими украинскиот претседател, што е нивна трета средба во Велика Британија од почетокот на годината.

    Денешната средба во Лондон ќе се одржи во хибриден формат, бидејќи данската премиерка Мете Фредриксен, нејзиниот холандски колега Дик Шуф ​​и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе лиќно ќе учествуваат на состанокот, додека 20 други лидери, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, ќе учествуваат преку видеоконференциска врска.

    Шефот на британската лабуристичка Влада, кој копретседава со оваа коалиција заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, сака да ја стави Украина во најсилна можна позиција пред доаѓањето на зимата, против руските сили, објави неговата канцеларија.

    Во последните недели, Украина е цел на зголемени руски напади врз нејзината енергетска инфраструктура, кои се закануваат да го лишат нејзиното население од електрична енергија и греење.

    Украина произведува некои ракети со долг дострел (Фламинго, Нептун) и добива француски „Скалп“ и британски „Сторм Шедоу“, но сите тие се во мали количини. Земјата безуспешно бара германски ракети „Таурус“, а Американците досега одбиваат да ѝ испорачаат ракети „Томахавк“, на кои се надеваше Зеленски.

    Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека таквата испорака би претставувала „нова ескалација“.

    Се очекува Стармер да ги повика коалициските партнери да ја завршат работата за користење на замрзнатите руски средства како одговор на големата руска инвазија на Украина и да ја финансираат испораката на „системи со долг дострел“ во оваа земја, се наведува во соопштението на Даунинг стрит.

    Европските лидери собрани вчера во Брисел направија разумен прв чекор, барајќи од Европската комисија да ги испита средствата што ќе се користат за финансирање на Украина во следните две години и го оставија отворено прашањето за заем што ќе се потпира на тие замрзнати руски средства.

    Овие руски средства блокирани од западните санкции изнесуваат околу 210 милијарди евра.

    Тој предлог ќе биде на дневен ред на европскиот самит во декември, со што ефикасно ќе се одложат потешките одлуки. Предлогот беше формулиран нејасно поради резервите изразени од Белгија, каде што се наоѓа најголемиот дел од замрзнатите средства.

    Едноставната конфискација на средства претставува црвена линија за земјите од ЕУ, но Европската комисија предлага да се користат овие средства за финансирање на заем од 140 милијарди евра за Киев.

    Стармер, исто така, го поздрави „огромниот напредок“ постигнат оваа недела во мерките поврзани со руската енергија по одлуката на САД да воведат санкции врз секторот.

    Санкциите вклучуваат замрзнување на сите средства на нафтените гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“ во САД и забрана за сите американски компании да соработуваат со нив.

    Москва ги нарече американските санкции „контрапродуктивни“, а рускиот претседател Владимир Путин процени дека тие нема да имаат „значајно влијание“ врз економијата на неговата земја

    Прочитај повеќе

    Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста

    18.08.2026 во 10:58

    Силен земјотрес ја погоди Италија

    18.08.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.