Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Време е на 2. ноември да ја направиме промената

    Лабудовиќ: Време е на 2. ноември да ја направиме промената

    24.10.2025 во 17:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ упати повик до жителите на
    неговата општина да му ја дадат довррбата на 2 ноември да ја води општината во
    следните четири години.
    „Време е за промена во Центар. Резултатите од гласањето во првиот круг недвосмислено
    покажаа опозициско расположение во општината. Близу 2/3 од тие што излегоа на
    изборните места, гласаа против актуелниот градоначалник Горан Герасимовски. Затоа што
    сакаат промена на нештата, сакаат нешто ново, поинакво – а тоа значи нова визија, нова
    енергија, непресушна река на идеи и проекти за подобрување на секојдневниот живот на
    граѓаните. Но, и нивно активно учество во носењето на сите одлуки што во надлежност на
    општината, а значат суштинска промена – промена кон подобро за нив“, порача
    Лабудовиќ.
    Актуелниот градоначалник, според него, ако имаше што да понуди, ќе го правеше тоа во
    континуитет за сите претходни четири години. А, не на еден месец пред изборите да
    поправа реквизити од детски игралишта, на четири дена пред гласање да се слика со
    ракавици на рацете како чисти контејнери и други слично популистички активности –
    допадливи за око, но со кои не се решава ништо.
    Спротивно на тоа, Лабудовиќ нагласува дека припаѓа на нова генерација политичари кои
    кога ќе дадат збор – истиот и го исполнуваат. Верува дека искуството од работење во
    реномирани меѓународни компании ќе биде пресудно во имплементација на вистински
    системски и одржливи решенија со кои ќе се надминуваат сите проблеми во Центар. не
    кампањски, туку долгорочно. Тој упати повик до поддржувачите на кандидатките кои
    испаднаа во првиот круг, Билјана Ивановска и Марија Среброва, но и до сите граѓани кои
    се уште се мислат дали да гласаат во вториот круг.

    „Ги повикувам граѓаните да излезат што помасовно и да гласаат. Да го заокружат бројот 2.
    Само така ќе ја донесеме вистинската промена во Центар. Промена која ќе значи Центар
    да биде целосна спротивност од сегашната слика.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.