- Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
- Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
- Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
- АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
- Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
- МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
- Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
- Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
Author: Author 03
Полскиот премиер Доналд Туск оцени дека Северноатлантската алијанса се соочува со период на нестабилност поради непредвидливото однесување на американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за полскиот весник Газета Виборча, Туск нагласи дека, и покрај моменталните предизвици, НАТО останува клучен столб на безбедноста на Полска и Европа. – НАТО со години ја потврдува својата сила и ефикасност во различни региони и околности. Денес можеби се наоѓаме во посложен период, но Алијансата и натаму е основата на нашата безбедност, изјави Туск. Тој истакна дека државите во непосредното соседство на Полска, кои некогаш биле извор на тензии, денес се нејзини блиски партнери и…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, донесе одлука за целосно и безусловно помилување на повеќе од 70 лица осомничени за вмешаност во обидите за поништување на изборните резултати од 2020 година, соопшти денеска обвинителот за помилувања, Ед Мартин. Меѓу помилуваните се и еден од највидливите поддржувачи на Трамп, поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, како и уште бројни други кои, според обвинувањата, биле дел од план за организирање алтернативни гласачи („фејк електори“) и за тврдења за изборни измами. Во официјалното соопштение се наведува:„Со ова помилување се става крај на тешка национална неправда извршена против американскиот народ по претседателските избори во 2020…
Грејната сезона започна на 15 октомври, а дали радијаторите ќе бидат топли од тој ден или не, зависи од временските услови. Граѓаните кои се греат на други начини секогаш однапред прават планови за постудените денови. Со оглед на тоа што секоја година се води дискусија за цените на греењето, кои постојано растат, каква е состојбата подалеку на север, поточно во Шведска, и како тие прават заштеди во потрошувачката на енергија и на сметките. Швеѓаните користат неколку методи за греење и заштеда на енергија, а централното греење е еден од клучните системи. Околу 55% од домаќинствата и комерцијалните згради во Шведска…
Интервентната единица на загрепската полиција вечерва спречила група маскирани мажи со качулки на главите да влезат во Српскиот културен центар, каде што се отвора изложбата „Ефемерис – легат на Дејан Медаковиќ“, со која започнуваат Деновите на српската култура. Според неофицијални информации, инцидентот се случил на Прарадовиќева улица во центарот на Загреб. Истата манифестација, според организаторите, претходно во Сплит била попречена со насилство и говор на омраза, при што полицијата тогаш привела девет лица. Хрватските медиуми пренесуваат дека денеска меѓу навивачките групи кружел повик за собирање во Прарадовиќева улица. Откако се собрале околу 50 мажи, тие почнале да скандираат „Независна држава…
Истражување во Шведска: Никотинските ќесички го забрзуваат падот на стапката на пушење Иако успехот на Шведска во намалувањето на бројот на пушачи и контролата на зависноста од никотин во голема мера е поврзан со традиционалниот снус, најновите истражувања ја открија значајната улога на никотинските ќесички како алтернатива за тие што не сакаат да продолжат со пушење цигари. Посебен акцент се става на жените кои се повеќе склони да ги прифатат никотински ќесички поради перцепцијата на снус во Шведска како претежно машка навика. Она што самите Швеѓани го истакнуваат денес, несомнено е големата улога на никотинските ќесички во намалувањето на бројот…
Седечкиот начин на живот стана глобална здравствена криза. Експертите сè повеќе го споредуваат со пушењето, бидејќи долготрајното седење го зголемува ризикот од сериозни болести и предвремена смрт. И покрај бројните предупредувања, повеќето луѓе сè уште поминуваат премалку време во движење, пишува „Tајмс оф Индија“. Според Светската здравствена организација (СЗО), четири до пет милиони смртни случаи годишно би можеле да се спречат со само малку повеќе дневна физичка активност. Но, реалноста е поразителна: едно од четири возрасни лица и четири од пет адолесценти не се доволно активни. Премногу време се поминува седејќи, на работа, во автомобил или пред екран, создавајќи тивка…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина е подготвена да ја поддржи средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Унгарија, но само доколку таа резултира со договор за прекин на огнот и завршување на војната. Зеленски нагласи дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој денеска разговараше со Трамп во Белата куќа, „сакал да го доведе Трамп во Унгарија за средба со рускиот диктатор“. „Наша позиција е јасна: доколку средбата навистина може да обезбеди прекин на огнот и крај на војната, Украина ќе поддржи одредени формати“, истакна Зеленски, пренесува порталот РБК Украина.
Американската армија планира да купи најмалку еден милион дронови во следните две до три години и може да набавува од половина милион до еден милион дронови годишно во наредниот период, изјави секретарот на армијата Даниел Дрискол. Во интервју за Ројтерс, Дрискол опиша значително проширување на планот за набавка на беспилотни летала, признавајќи дека тоа претставува предизвик со оглед на сегашниот капацитет — околу 50.000 дронови годишно. – Тоа е голем предизвик. Но, тоа е предизвик со кој сме целосно способни да се справиме, рече Дрискол, пренесе БТА. Малите и евтини дронови се покажаа како моќно оружје во конфликтот меѓу Русија…
Турција издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и уште 36 други лица, поради нивната наводна улога во „геноцид“ во палестинската област Газа, јави ТРТ. Главното јавно обвинителство во Истанбул соопшти дека налозите се издадени по обемна истрага за „систематските напади на Израел врз цивили во Газа“, оценети како геноцид и злосторства против човештвото. Истрагата започнала по пријави поднесени од жртви и претставници на Глобалната флотила „Сумуд“, хуманитарна мисија што била пресретната од израелските поморски сили додека се обидувала да достави помош во Газа. Според обвинителството, доказите од жртви, очевидци и меѓународно право укажуваат дека израелските воени и…
Утре православните христијани го слават Свети Димитриј Солунски, ден познат како Митровден, празник посветен на великиот христијански воин и заштитник од злото. Освен црковното значење, овој ден е обвиткан со народни верувања поврзани за предвидување на зимата, но и за тоа како да се внесе благослов во домот. Се верува дека токму вечерва, сите големи работи мора да се завршат до полноќ – од договори и плаќања, до чистење и средување на домот, за да ја привлечеме среќата во текот на целата година. Домот треба да биде чист и уреден, со запалена свеќа или кандило пред иконата на светителот, а…
