Author: Author 03

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ од КЗ. Пријавениот, во повеќе наврати во периодот од 05.01.2025 до 07.05.2025 во претходен меѓусебен договор и со заедничко дејствување со три лица од Скопје, противправно одзеле туѓи подвижни предмети бакарни кабли – јавни инсталации…

Повеќе

Инцидент се случил во 18:52 часот по локално време (13:22 GMT), кога возило марка Hyundai i20, во кое се наоѓале три лица, запрело на црвено светло кај метро-станицата Лал Кила, по што уследила силна експлозија. Експлозијата се случила во близина на пазарот Чандни Чоук, еден од најпрометните делови на Делхи, кој секојдневно го посетуваат илјадници туристи. Сведоци изјавиле дека „експлозијата била толку силна што стаклата на околните згради и метро-станицата биле скршени“. На местото на настанот веднаш пристигнал специјален тим за деминирање, а областа е целосно блокирана и обезбедена од полицијата и армијата. Полицискиот портпарол Санџај Тајаги потврди дека истрагата…

Повеќе

Климатските шокови сè повеќе ја поткопуваат глобалната економска стабилност, ги зголемуваат хуманитарните потреби и го интензивираат ризикот од нови раселувања, предупредува најновиот извештај на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР). Според документот, климатските катастрофи и вооружените конфликти меѓусебно се засилуваат, создавајќи затворен круг на кризи што ги погодува најранливите заедници во светот. „Во изминатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови предизвикаа внатрешно раселување на 250 милиони луѓе — повеќе од 70.000 дневно,“ се вели во извештајот. Три четвртини од лицата раселени поради конфликти живеат во земји особено ранливи на климатските промени, како Јужен Судан, Чад, Етиопија, Кенија, Пакистан и…

Повеќе

Американските сенатори доцна синоќа постигнаа привремен договор за да ја прекинат буџетската блокада што трае веќе 40 дена и која предизвика сериозни последици врз јавните услуги низ земјата, пренесуваат американските медиуми. Но, кризата се продлабочи денеска откако претседателот Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social им упати остро предупредување на контролорите на летање кои одбиваат да се појават на работа бидејќи не добиваат плата. Минатата недела беа откажани илјадници летови, а само денеска американските авиокомпании пријавија повеќе од 1.500 откажани летови, што предизвика дополнителен хаос во воздушниот сообраќај. Во својата објава, Трамп порача дека сите контролори мора веднаш да се…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг, предводена од Лота Џонсон Форнавре, во придружба на амбасадорот на Кралството Шведска, Oла Солстром. Сиљановска-Давкова изрази задоволство од извонредната соработка со шведските пратеници, заснована на взаемна доверба и почит, нагласувајќи дека таквото партнерство претставува основа за натамошно зајакнување на вкупните билатерални односи меѓу двете држави. Таа потсети дека Шведска е четвртиот најголем билатерален донатор на земјава и дека нејзината поддршка не се огледува само во развојната помош, туку и во улогата на фасилитатор на европските реформи. Како поранешна членка на Надзорната група за соработка со шведскиот…

Повеќе

Повеќе од 1.500 летови беа откажани во САД денеска, а над 1.200 беа одложени, додека земјата се соочува со четвртиот ден од делумниот прекин на работата на федералната влада, кој предизвикува сериозни проблеми во авиосообраќајот. Според податоците од веб-страницата за следење летови FlightAware, денеска биле откажани над 1.550 летови, а речиси ист број биле одложени. Вчера, пак, ситуацијата била уште потешка — откажани се 2.950 летови, а повеќе од 10.800 биле одложени, што претставува најтешкиот ден за американската авијација од почетокот на делумниот „шатдаун“ на 1 октомври. Главната причина за колапсот се намалените капацитети за контрола на летање и недостигот…

Повеќе

Американската војска во неделата изврши нови воздушни напади врз бродови за кои се сомнева дека биле вклучени во шверц на дрога, соопшти министерот за одбрана Пит Хегсет. Во операцијата загинале шест лица. „Војската спроведе два смртоносни напади насочени кон два одделни брода управувани од назначени терористички организации“, напиша Хегсет на платформата X, без да прецизира за кои организации станува збор. Според министерот, американските разузнавачки служби претходно утврдиле дека бродовите се користеле за нелегален транспорт на дрога. Нападите се дел од поширока кампања со која, според Вашингтон, се настојува да се ограничи протокот на наркотици кон САД. Од почетокот на операцијата,…

Повеќе

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се обидуваа да ја сокријат. Суспензија имало два пати и тоа само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во 2011 и сега во 2025 година“, вели Николовски. Тој оценува дека ова е тежок удар…

Повеќе

Американскиот Врховен суд денеска го отфрли барањето за повторно разгледување на историската одлука од 2015 година со која беше утврдено уставното право на истополови бракови низ целата земја. Судот ја одби жалбата на поранешната матичарка од Кентаки, Ким Дејвис, со што ја потврди пресудата од случајот „Обергефел против Хоџис“. Одлуката беше донесена без дополнителни коментари или издвоени мислења, како дел од редовниот список на судски решенија. Ким Дејвис, поранешна матичарка во округот Роуан, стана позната во 2015 година кога одби да издава брачни дозволи на истополови двојки, повикувајќи се на своите религиозни убедувања. Нејзиниот случај привлече национално внимание и предизвика…

Повеќе

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од Кратово поради сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Инцидентот се случил на 3 октомври 2025 година, кога пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавната установа „Центар за социјални работи“ во Кратово. Таа исто така упатувала закани кон други вработени додека извршувале свои работни задачи.

Повеќе