Author: Author 03

Полицијата во американската сојузна држава Масачусетс уапси една жена и 55 мажи во голема акција против производство и делење материјали за сексуална злоупотреба на деца, како и нивно подведување. Осомничените се на возраст од 18 до 75 години, а меѓу нив има успешни бизнисмени, сопружници и родители, соопшти полицијата. Според истрагата, 25 лица се обвинети за поседување детска порнографија, а 19 за подведување на деца. Некои од нив склучиле договори со полициски информатори и дошле на локација со намера да имаат сексуални односи со малолетно лице за пари. „Уапсивме успешни бизнисмени, сопружници и родители. Некои дојдоа со намера да се…

Повеќе

Претседателот на Чешка, Петр Павел, предупреди дека руските упади во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО не можат бесконечно да се толерираат, и дека алијансата можеби ќе мора да собори руски воен авион, доколку ваквите провокации продолжат. Изјавата Павел ја даде во дебата со ученици во градот Соколов, при што потсети на инцидентот во 2015 година, кога Турција собори руски авион што го наруши нејзиниот воздушен простор. „Има народи на кои им е доволно да им се каже: немојте тоа да го правите, лошо ќе заврши. Во случајот на некои, мора лошо да заврши за да сфатат дека тоа не…

Повеќе

Турски воен транспортен авион од типот Ц-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, денеска се урна во Грузија, при што загинаа сите 20 војници кои беа во него, соопшти денеска турската Влада. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и бил на пат назад кон Турција кога се урнал, објави турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Х. Видео снимките емитувани од медиумите покажуваат како авионот паѓа спирално, оставајќи трага од бел чад. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е „длабоко растажен“ и изрази сочувство за загинатите во несреќата. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, исто така, изрази сочувство до неговиот турски…

Повеќе

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да спроведе нуклеарни тестови, но само доколку и другите нуклеарни сили го направат тоа. Во интервју за руски медиуми, Лавров нагласи дека Москва е отворена за дијалог со САД во врска со, како што ги нарече Вашингтон, „сомнителните подземни активности“. „Москва е подготвена да разговара за загриженоста на САД за она што Вашингтон го нарекува ‘сомнителни подземни активности’“, изјави Лавров, додавајќи дека Русија е загрижена од изјавите на САД кои, според него, сугерираат дека нуклеарните тестови би можеле да се користат за геополитички цели. Шефот на руската дипломатија…

Повеќе

МВР информира дека вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.

Повеќе

Бројот на жртвите од тајфунот Фунон на Филипините се искачи на 25 лица, соопшти Националната служба за цивилна заштита. Дополнително, 29 лица се повредени, а двајца се водат како исчезнати. Најголем број на жртви – 19 лица, се регистрирани во административниот регион Кордилера, тројца во Кагајан, додека по еден загинат е пријавен во Бикол, Западен Висајас и Источен Висајас. Според властите, супер тајфунот Фунон погодил повеќе од 2,4 милиони луѓе, предизвикувајќи сериозни оштетувања на домови, патишта и електрични мрежи. Претседателот на Филипините, Фердинанд Маркос помладиот, издаде наредба за континуирани спасувачки операции и побара сите владини агенции да останат во целосна…

Повеќе

Вулканот Килауеа повторно оживеа, исфрлајќи лава на висина од повеќе од 330 метри во својата 36-та епизода од тековната серија ерупции. Новата активност започнала во неделата наутро и траела речиси пет часа, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS). Серијата ерупции започна на 23 декември 2024 година, објави ABC News, а моменталната ерупција е ограничена во рамките на Националниот парк „Хавајски вулкани“. Во сила е портокалова тревога, што значи дека ерупцијата е во тек или многу веројатна, но без значајно исфрлање на пепел. Во една од претходните епизоди, на 17 октомври, лавата достигна рекордна висина од 450 метри, а според USGS,…

Повеќе

Почнувајќи од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе премине под надлежност на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК, Али Мухамед, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, денеска потпишаа Договор за деловно-финансиска соработка меѓу двете институции. Според соопштението од Центарот, со овој договор ЦУК ја презема обврската за формирање на Координативен центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство. „Со овој договор се уредува меѓусебната соработка во делот на потрагата и спасувањето во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на информации, координација,…

Повеќе

Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во интервју за ТВ Сител вечерва тој кажа дека состојбата не го плаши. Како што рече, „ќе биде пеколно тешко, но имам одличен тим и очекувам силна поддршка од Владата и со добра организација и домаќински ќе ја надминеме состојбата“. Најави дека сите јавни претпријатија ќе…

Повеќе

На 9 ноември 2025 година, околу 18:15 часот, во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга–Дебар, кај местото викано „Лабунишки ливади“, патничко возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Возилото го управувал 76-годишниот Ф.Ч. од Струга, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга

Повеќе