Author: Author 03

На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет. По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Во рамките на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав Четиринаесетти оваа сабота ќе пречека десетици актери и режисери на специјален собир под назив „Светот на филмот“ во својата официјална резиденција, соопшти Ватикан. Меѓу очекуваните гости се холивудски ѕвезди како Кејт Бланшет, Адам Скот, Крис Пајн, Виго Мортенсен, Елисон Бри и Дејв Франко, како и режисери Џад Апатоу, Спајк Ли, Џорџ Милер и Гас Ван Сент, пренесува Њујорк Тајмс. Весникот „Варајати“ објави видео во кое папата Лав XIV ги сподели своите четири омилени филмови на сите времиња: – „Во оваа година на јубилејот, папата…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претставниците на Сојузот на синдикати во високото образование. На средбата беше разгледан напредокот и следните чекори за завршување и потпишување на Колективните договори со петте државни универзитети. Страните ја истакнаа важноста од завршување на овој процес во предвидените рокови, сметајќи го за неопходен чекор за подигнување на квалитетот на високото образование и подобрување на статусот на академските вработени. Гаши истакна дека Собранието е целосно посветено и постапува приоритетно за завршување на овој процес: „Потпишувањето на Колективниот договор е висока цел за мене лично, но пред сè е од суштинско значење за професорите…

Повеќе

Многу од советите што ги слушаме за спиењето и несоницата всушност можат да се вратат како бумеранг, вклучувајќи го и тоа да не го користите телефонот и целосно да го исклучите кофеинот. Сите знаеме колку подобро се чувствуваме по добар ноќен сон. Науката го потврдува тоа: квалитетниот сон го подобрува кардиоваскуларното здравје, имунолошката функција, здравјето на мозокот и емоционалната благосостојба. Не е изненадувачки што многу луѓе сакаат да го подобрат својот сон, а „хигиената на спиењето“ стана стратегија со врвен приоритет. Хигиената на спиењето се однесува на навиките и факторите на животната средина што го поттикнуваат добриот сон, како што…

Повеќе

За нив парите се на прво место, а љубовта е бонус што доаѓа, но не мора да се случи. Има некои жени кои како девојки сонувале да станат принцези, но кога пораснале сакале да бидат кралици. Тие сакаат сè и веднаш. Животот во изобилство е се разбира за нив. Еве за кои жени станува збор: Жени Овен Ако жената Овен се заљуби, тогаш парите не и се толку важни. Таа е крајно импулсивна и на тој начин влегува во брак. Жената Овен е способна наеднаш да одлучи да „одлета“ во брак, страсно и импулсивно, без жалење или поглед на минатото.…

Повеќе

Војната во Украина драстично го промени безбедносниот систем и начинот на живот на рускиот претседател Владимир Путин. Според новинарите од проектот „Система“, кои анализирале илјадници официјални видеа од последните години, за да се отежни следењето на неговите движења, создадени се најмалку три идентични канцеларии во различни резиденции. Истражувањето покажува дека канцелариите се речиси идентични, но сепак мали детали откриваат каде се наоѓаат – формата на рачките на вратите, декоративните елементи, канцеларискиот материјал и завршните допири. Податоците за изградбата се пронајдени во државни документи за набавки и во евиденциите на новинарите од Кремљ. Иако извештаи за вакви „клонирани“ простории се појавуваа…

Повеќе

Витамините и минералите се неопходни за здрав живот, но лекарите предупредуваат дека „неопходно“ не значи „неограничено“. Претерувањето со додатоци во исхраната може да ги наруши природните процеси во телото. „Само затоа што нешто е добро за вас, не значи дека повеќе од тоа е подобро“, објаснува д-р Раџ Дасгупта за Sleepopolis, пренесува Parade. Тој нагласува дека прекумерните количини на додатоци во исхраната можат да го попречат апсорбирањето на други хранливи материи, па дури и да им наштетат на коските, бубрезите или срцето. Тој тврди дека коските често страдаат од последиците кога се претерува со одредени комбинации на додатоци во исхраната. Лекарите…

Повеќе

Претпладне во одделни котлини можно е појава на магла, додека преку ден времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, утринските часови ќе бидат магливи во пониските делови од котлината, а преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Прогноза за наредните денови:Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во одделни котлини повторно ќе има услови за појава на магла.

Повеќе