Author: Author 03

Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинаа во авионската несреќа на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопштија турските власти. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција кога се урнал, соопшти турското Министерство за одбрана на мрежата X, пренесува Usornnews. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази „длабока тага“ и сочувство до семејствата на жртвите. „Со Божја волја, ќе го надминеме овој пад со минимум страдање. Во нашите молитви сме со нашите маченици“, рече Ердоган. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му упати сочувство на Ердоган.

Повеќе

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани, рече Ѓорѓиевски во вечерашното гостување на МРТВ. За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријава доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски…

Повеќе

Мрежа водена од американските и израелските разузнавачки служби е идентификувана во земјата и разбиена, соопшти разузнавачката служба на иранската Револуционерната гарда. Во соопштението се наведува дека операцијата била спроведена на координиран начин во неколку провинции, но не е прецизиран датум, точни локации и дали имало апсења. Во јуни, Израел започна напади врз Иран, при што загинаа неколку стотици луѓе, вклучувајќи високи воени функционери и нуклеарни научници. Техеран возврати со ракетни и беспилотни летала напади врз Израел, каде што беа убиени повеќе од 25 лица. САД, сојузник на Израел, исто така извршија напади врз нуклеарните постројки на Иран. Прекинот на огнот…

Повеќе

Прессекретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, го повтори непопустливиот став на Москва, изјавувајќи дека војната во Украина ќе заврши само кога Русија ќе ги оствари своите цели. Ова се случува во време кога мировните преговори се во застој, а Москва не покажува намера да се откаже од својата агресија. „Би сакал овој конфликт да заврши што е можно поскоро. Може да заврши само кога Русија ќе ги постигне целите што првично ги постави,“ рече Песков. Тој додаде дека, според Москва, завршетокот на војната е возможен преку политички и дипломатски средства, но повторно ја префрли одговорноста за застојот во преговорите на другите…

Повеќе

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека просторот каде се наоѓа зградата на Генералштабот нема да се продава, туку ќе се издава под долгогодишен закуп од 99 години. Според него, инвестицијата во овој проект ќе изнесува најмалку 650 милиони евра. „За разлика од нив, кои го продадоа Маршалатот и командата на Гардата, ние не го продаваме ова. Го издаваме под закуп 99 години, го издаваме под закуп на долг рок. Во исто време, имаме права да го користиме тој простор, земјиште, да остваруваме приход и да профитираме од работата што се извршува 22,5 проценти во текот на следните 99 години,“…

Повеќе

Американските авио-компании денес откажаа речиси 1.200 летови, а откажувањата петти ден по ред надминаа 1.000 поради продолжувањето на блокадата на работата на федералната влада, односно поради недостаток на персонал во контрола на летови. Намалувањето на бројот на летови денес се зголеми на шест проценти, а се планира да достигне осум проценти во четврток и 10 проценти во петок, пренесе „Ројтерс“. Американските авио-компании денес одложија повеќе од 1.300 летови, додека во понеделник беа откажани 2.900 летови, а 9.600 беа одложени, според податоците од сајтот за следење летови FlightAware.

Повеќе

Министерството за спорт до крајот на годината ќе започне три големи инфраструктурни проекти – изградба на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Веста ја соопшти министерот за спорт, Борко Ристовски, во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, нагласувајќи дека овие проекти ја заокружуваат година во која новоформираното Министерство за спорт бележи значајни резултати, особено во делот на изградба и реконструкција на спортска инфраструктура низ целата држава. „Реконструкцијата на спортската сала во комплексот на УКИМ е многу важна и за образованието и за спортот, бидејќи…

Повеќе

Поранешната светска број 2 во тенисот, Онс Џабер, објави дека очекува машко бебе, кое треба да се роди во април следната година. Тунижанката, трикратна грен слем финалистка, радосната вест ја сподели на социјалните мрежи, придружена со фотографија на која позира со сопругот Карим Камун. „Теренот ќе мора да почека на подолг период – наскоро ќе го пречекаме новиот мал соиграч. Бебето ќе му се приклучи на тимот во април,“ напиша 31-годишната Џабер. Џабер беше финалистка на Вимблдон во 2022 и 2023 година и на УС Опен во 2022, но последните две години се соочуваше со повреди кои ја оддалечија од…

Повеќе

Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ги минува своите први денови во федералниот затвор „Форт Дикс“. Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи. Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено губење на неговите права на телефон и продавница во затворот. Повиците биле упатени до повеќе луѓе, отколку што дозволуваат затворските правила, иако Комбс тврдел дека имало еден повик со неговиот правен тим и за…

Повеќе

Израелскиот весник „Шомрим“ објави дека САД ја разгледуваат можноста да изградат голема воена база долж границата помеѓу Израел и Појасот Газа, која би имала клучна улога во идните меѓународни напори за стабилизација на регионот. Базата би можела да ја подобри способноста на САД директно да ги контролира настаните на терен во Појасот Газа. Според весникот, иако сите детали за овој план сè уште не се познати, можно е израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе да се согласил со идејата, но најверојатно не ги информирал сите релевантни израелски власти, вклучително и Израелските одбранбени сили. На почетокот од месецот во Кирјат Гат функционира…

Повеќе