Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерството за спорт почнува со изградба на две нови сали и реконструкција на салата на УКИМ

    Министерството за спорт почнува со изградба на две нови сали и реконструкција на салата на УКИМ

    11.11.2025 во 20:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за спорт до крајот на годината ќе започне три големи инфраструктурни проекти – изградба на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.

    Веста ја соопшти министерот за спорт, Борко Ристовски, во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, нагласувајќи дека овие проекти ја заокружуваат година во која новоформираното Министерство за спорт бележи значајни резултати, особено во делот на изградба и реконструкција на спортска инфраструктура низ целата држава.

    „Реконструкцијата на спортската сала во комплексот на УКИМ е многу важна и за образованието и за спортот, бидејќи оваа сала веќе десетина години стои неупотреблива, како вистинска руина. По комплетната реконструкција, над 4.000 студенти ќе можат да се бават со спорт и да ги реализираат часовите по физичко образование во современ и безбеден спортски објект,“ изјави Ристовски.

    Освен реконструкцијата на салата на УКИМ, до крајот на годината ќе се постават темелите и ќе почне изградбата на нова спортска сала во населбата Аеродром (кај објектот на ФФМ) во Скопје, како и нова спортска сала во Крушево, со која градот треба да прерасне во регионален спортски центар за подготовки.

    „Истражувањата покажаа дека националните спортски федерации трошат над еден милион евра годишно за подготовки во странство. Со изградба на современ спортски центар во Крушево, во близина на спортски хотел и планински терени, тие средства ќе останат во државата. Крушево ќе стане регионален центар за подготовки – не само за македонските екипи, туку и за тимови од целиот регион,“ истакна министерот.

    Во рамките на програмата за спортска инфраструктура, во последните 15 месеци се изградени и реконструирани над 40 мултифункционални спортски центри низ земјата, со цел рамномерна регионална распределба и достапност на спортот за сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Пола литар вода 400, едно пиво 900 денари – што се пие на US Open?

    07.09.2026 во 13:56

    Маврово денеска е светска престолнина на крапскиот риболов: Пристигнаа 33 репрезентации

    01.09.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.