Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мексико ќе го третира сексуалното вознемирување како тешко кривично дело

    Мексико ќе го третира сексуалното вознемирување како тешко кривично дело

    07.11.2025 во 18:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По инцидентот во кој мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум беше малтретирана во јавност, нејзината влада денеска го претстави новиот план за борба против сексуалното вознемирување. Според најавите, делото ќе биде класифицирано како тешко кривично дело во сите сојузни држави на Мексико.

    Планот предвидува кампања за охрабрување на жртвите да ги пријавуваат случаите и подобрување на пристапот до правда за сите засегнати.

    – Сите жени, адолесцентки и девојчиња треба да знаат дека не се сами, изјави министерката за женски прашања Ситлали Ернандес Мора.

    – Ако доживеат каква било форма на насилство, важно е тоа да го пријават, рече таа и ги повика мажите да го преиспитаат своето однесување кон жените.

    Инцидентот што го поттикна овој чекор се случи пред неколку дена, кога 63-годишната Шејнбаум беше сексуално вознемирена од маж додека шетала низ историскиот центар на Мексико Сити.

    На видеото објавено на интернет се гледа како маж ѝ приоѓа, ја фаќа за рамото, се обидува да ја бакне и да ја допре по градите. Виновникот подоцна беше уапсен.

    Клаудија Шејнбаум, првата жена претседателка на Мексико, изјави дека зајакнувањето на правата на жените е еден од нејзините најважни приоритети.

    Според државниот завод за статистика, речиси половина од жените во Мексико доживеале некаков облик на сексуално насилство барем еднаш во животот.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“

    17.08.2026 во 23:21

    Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“

    17.08.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.