Author: Author 03

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека неговата администрација е во контакт со властите во Куба за можна „зделка“, по американската воена операција во Венецуела во која беше заробен поранешниот претседател Николас Мадуро. – Наскоро ќе дознаете. Разговараме со Куба и набргу ќе се знаат деталите, одговори Трамп на новинарско прашање за природата на договорот што Вашингтон го бара од Хавана. Американскиот претседател најави и дека во одреден момент е можна средба со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, која во моментов ги извршува претседателските функции по падот на Мадуро. Од своја страна, Родригез порача дека нејзината влада мора да…

Повеќе

Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот изутринава, информира дека во Пелагонискиот Регион (Битола, Могила и Новаци), во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри. Во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селотол Мренога е затворен за сообраќај. Реките се вратени во своите корита, освен реката Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде што сè уште има излевање…

Повеќе

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа, Министерството за здравство…

Повеќе

Со концерти на популарна музика, вечерва во Вевчани започнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“. На отворањето ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, со што официјално ќе започнат карневалските случувања. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Овој настан претставува кулминација на карневалот и традиционално привлекува голем број посетители. Во утрешните вечерни часови, од 20 часот, програмата продолжува со концерти на фолк-музика. Пред публиката ќе настапат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, како и оркестарот со зурли и тапани…

Повеќе

Без електрична енергија денеска од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ловќенска“ во општина Карпош. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради зафати во електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Локалните избори 2025 кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир, стои во соопштението испратено до медиумите.

Повеќе

СДСМ со длабока загриженост ги следи контрадикторните сигнали што ги испраќа актуелната влада на премиерот Христијан Мицкоски. „Додека официјално се изјавува дека Северна Македонија е стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, во срцето на владата седи Иван Стоилковиќ, вицепремиер и најблизок соработник на Мицкоски, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата“, реагираат утрово од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. „Ова не е само политичка хипокризија, ова е директно загрозување на националната безбедност и иднината на нашата земја во НАТО и ЕУ. Уште полошо, самиот премиер Мицкоски, и покрај…

Повеќе

Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност, изјави на вчерашната прес-конференција премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики.Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива…

Повеќе

Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница, на чиј дневен ред се наоѓа верификација на пратенички мандат, по именувањето на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе законски решенија, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање. Како што е наведено во образложението, целта на предложените измени на Кривичниот законик е надминување на утврдените слабости во постојните одредби и постапување согласно Решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година. Пред пратениците денеска ќе се најдат и Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во прво…

Повеќе

Мијалче (подоцна Гаврил Светогорец, Епископ Велички) се родил на 10 март 1926 година, во Штип, од православни родители Методиј (подоцна монах Кирил) и Гора Парнаџиеви. Основно образование, а потоа и гимназија завршил во родниот град. Уште како млад се одликувал со посебна кротост и послушност. Потоа се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. После дипломирањето, во 1955 година, четири-пет години работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип. Покрај работата во училиштето, Мијалче, заедно со својот татко Методиј, работел и како скулптор. Вo 1963 година заминал на Света…

Повеќе