Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Условите за укинување на техничката влада не се создадени – враќање на „режимот“ од 2016 година
    • Ќе нема струја 11 часа – ЕВН најави исклучувања во неколку делови од СКОПЈЕ
    • Голема полициска акција: Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини – проневериле 700.000 евра од УЕФА
    • Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вевчани под маски – стартува традиционалниот Вевчански карневал

    Вевчани под маски – стартува традиционалниот Вевчански карневал

    12.01.2026 во 08:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со концерти на популарна музика, вечерва во Вевчани започнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“. На отворањето ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, со што официјално ќе започнат карневалските случувања.

    Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Овој настан претставува кулминација на карневалот и традиционално привлекува голем број посетители.

    Во утрешните вечерни часови, од 20 часот, програмата продолжува со концерти на фолк-музика. Пред публиката ќе настапат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, како и оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“. Музичката програма ќе заврши на полноќ со настап на Перо Бели и групата „Вип“, кои традиционално ќе ги испратат карневалците на вевчанските извори.

    Вевчанскиот карневал, со традиција долга речиси 1.400 години, претставува уникатен спој на пагански обичаи, христијанска традиција и современа сатира. Тој има значајна социјална и културна улога и симболично го означува преминот од старата во новата година, како и потребата од прочистување, обновување и нов почеток.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.