- ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави хаос, долгови и разочарани земјоделци
- Силно невреме го зафати Сараево – делови од градот парализирани, водата влезе во трговски центар
- Македонија добива центар за вештачка интелигенција – „Везилка“ го носи македонскиот јазик во дигиталната ера
- Почина турската актерка Еџе Иртем, ѕвездата од серијата „Шербет од брусница“
- Дневен хороскоп: Стрелецот ќе размислува за нов проект, Рибите ќе помогнат некому
- СДСМ: Кој ќе одговара за милионските скандали на ВМРО-ОКГ со тендери?
- ВРЕДИ: Со автопатот Скопје – Блаце прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси
- Поскапеа бензинот и дизелот
Author: Author 03
Социјалната мрежа Икс, порано позната како Твитер, официјално го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија, но само на својата веб-верзија. Ова доведе до појава на невообичаени објави, бидејќи автоматски се прилагодуваа на содржината, пренесува „Скај њуз“. Старите објави на врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи, одеднаш почнаа да го прикажуваат знамето на монархијата од периодот пред Исламската револуција, на кое се наоѓаат лав со меч и стилизирано сонце. Истовремено, новите објави на промонархистичката опозиција, кои го користат ажурираното иранско знаме, на мобилната апликација сè уште се појавуваат со знамето на Исламската Република. Платформата Икс е…
Со запалени свеќи и во тивка, достоинствена атмосфера, попладнево во Кочани се одржа мирен собир под мотото „Два града – иста болка“. Граѓани од различни генерации се собраа за да изразат сочувство и солидарност со семејствата на жртвите од трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. На собирот присуствуваа и родители на децата кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие порачаа дека длабоко ја разбираат болката и празнината што ја остава ваквата загуба, истакнувајќи дека тишината понекогаш зборува погласно од зборовите. Во своето обраќање упатија апел за солидарност и човечко сочувство со семејствата погодени од трагедијата во…
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро од притвор во САД им порачал на своите поддржувачи дека „се справува добро“, изјави неговиот син Николас Мадуро Гера. „Се справуваме добро. Ние сме борци“, порачал Мадуро за себе и за сопругата Силија Флорес од ќелијата во САД, пренесе неговиот син. Според истиот извор, венецуелскиот претседател им порачал на своите адвокати „да не тагуваат“. Мадуро беше приведен и префрлен во САД за време на американската воена операција во Каракас на 3 јануари. Мадуро и првата дама во понеделникот за првпат се појавија пред суд во Менхетен, Њујорк, каде што се изјаснија дека не се виновни по…
Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи. Предлог-законот, изготвен од Министерството за здравство, попладнево беше објавен на платформата ЕНЕР, а неговата цел е системска заштита на јавното здравје и намалување на пушењето како една од водечките причини за смртност и хронични заболувања во земјава. Целосна забрана за пушење во јавни и работни простори Со новиот закон се воведува целосна забрана за употреба на тутун, електронски цигари, загреан тутун и други никотински производи во речиси сите јавни, работни и…
Нас, снегот не може да нѐ изненади, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници. Обезбедени се доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и непречено движење низ градот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови. Заедно, одговорно и подготвено, истакна Ѓорѓиевски.
Жичницата на Водно денеска нема да работи поради силниот ветер, информира утрово Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје. Од претпријатието соопштија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за непречено функционирање на жичницата. – Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, наведува ЈСП. Утрово во Скопје и на повеќе локации во околината преовладува студено време, проследено со силен ветер и ниски температури.
Денеска во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторни избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори, одржани на 19 октомври минатата година, не беше обезбедена законски потребната излезност од најмалку 33,33 проценти од регистрираните гласачи. Според Изборниот законик, за изборите да бидат успешни на повтореното гласање, потребно е повеќе од половина од граѓаните кои ќе излезат на гласање да го дадат својот глас за еден од кандидатите. Гласањето започна во 7:00 часот, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот. Граѓаните се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а…
Шест лица, меѓу кои и популарниот колумбиски пејач Јеисон Хименес, загинаа при пад на приватен авион во централниот дел на Колумбија, соопштија локалните власти. – Нема преживеани, изјави полковник Алваро Бело од цивилната воздухопловна служба за радио „Каракол“. Несреќата се случила во близина на аеродромот Паипа, во департманот Бојака, кратко по полетувањето на авионот кој бил на пат кон Меделин, информира колумбиското Министерство за транспорт. Снимки кои кружат на социјалните мрежи укажуваат дека авионот не успеал да достигне доволна височина при полетувањето. Леталото со голема брзина удрило во тревната површина на крајот од пистата, по што избувнал пожар. Триесет и…
Според податоците до 08:30 часот, минусни температури се измерени и во Крушево и Маврови Анови, каде се регистрирани –5 степени. Во Куманово се измерени –2 степени, додека –1 степен е измерен во Крива Паланка, Берово и Виница. Температурата на нула степени е регистрирана во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица. Во Кавадарци и Велес се измерени 1 степен, а најтопло утрово било во Гевгелија и Демир Капија со 2 степени Целзиусови. Во изминатите 24 часа, заклучно со 7 часот утрово, најмногу врнежи се регистрирани во Маврови Анови, каде наврнале 39 литри на метар квадратен. Следуваат…
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека би можел да нареди нови воздушни удари врз Нигерија доколку, како што наведе, продолжи убивањето христијани во таа западноафриканска земја. Во обемно интервју за „Њујорк тајмс“, Трамп беше прашан дали воздушните удари изведени на Божиќ во северната нигериска сојузна држава Сокото, насочени против исламистички милитанти, се дел од поширока воена кампања. – Би сакал тоа да биде еднократен удар. Но, ако продолжат да убиваат христијани, тоа ќе бидат повеќекратни удари, изјави Трамп. Владата на Нигерија претходно ги отфрли обвинувањата на Трамп дека не ги штити христијаните од џихадистички напади, нагласувајќи дека мети на насилството…
