Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: Ако продолжат убиствата на христијани, САД повторно ќе ја нападнат Нигерија

    Трамп: Ако продолжат убиствата на христијани, САД повторно ќе ја нападнат Нигерија

    09.01.2026 во 23:432 Mins Read
    Доналд Трамп, претседател на САД
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека би можел да нареди нови воздушни удари врз Нигерија доколку, како што наведе, продолжи убивањето христијани во таа западноафриканска земја.

    Во обемно интервју за „Њујорк тајмс“, Трамп беше прашан дали воздушните удари изведени на Божиќ во северната нигериска сојузна држава Сокото, насочени против исламистички милитанти, се дел од поширока воена кампања.

    – Би сакал тоа да биде еднократен удар. Но, ако продолжат да убиваат христијани, тоа ќе бидат повеќекратни удари, изјави Трамп.

    Владата на Нигерија претходно ги отфрли обвинувањата на Трамп дека не ги штити христијаните од џихадистички напади, нагласувајќи дека мети на насилството се „муслимани, христијани и лица без верска припадност“.

    Организации што го следат политичкото насилство во Нигерија наведуваат дека мнозинството жртви на џихадистичките групи се муслимани, иако во одредени десничарски кругови во САД од минатата година се зборува за наводен геноцид врз нигериските христијани.

    Прашан за тие тврдења, Трамп рече дека смета оти „во Нигерија се убиваат и муслимани“, но додаде дека жртвите се „претежно христијани“.

    Портпарол на нигерискиот министер за надворешни работи не ја коментираше директно можноста за нови воздушни удари, но изјави дека Нигерија „ќе продолжи со конструктивен дијалог и соработка со партнерите, вклучително и Соединетите Американски Држави, со почитување на меѓународното право и суверенитетот на Нигерија“.

    – Нигерија останува посветена на заштитата на сите граѓани, и христијани и муслимани, без дискриминација, изјави Алкасим Абдулкадир.

    Нигерија, со повеќе од 230 милиони жители, е приближно рамномерно поделена меѓу христијани, кои претежно живеат на југот, и муслимани, кои главно го населуваат северот на земјата. Североистокот на Нигерија веќе 15 години трпи последици од исламистичкиот бунт на групи како Боко Харам и организации поврзани со таканаречената Исламска држава, пред сѐ во сојузната држава Борно.

    Божиќните воздушни удари на САД беа насочени кон два кампа на џихадистичката група Лакурава во претежно муслиманската држава Сокото, на северозападот на Нигерија, во близина на границата со Нигер. Засега нема официјални податоци за можни жртви, бидејќи ниту американските ниту нигериските власти не објавија информации за последиците од нападите.

    Нигерискиот министер за надворешни работи Јусуф Маитама Тугар претходно изјави дека станува збор за заедничка операција која „нема никаква врска со религијата“, додавајќи дека таа била одобрена од претседателот на Нигерија Бола Тинубу и спроведена со учество на нигериските вооружени сили. Трамп, пак, наведе дека нападите ги наредил како „божиќен подарок“.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.