Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во центарот на Белград: Пронајдено тело во тунел за отпад
    • Судир меѓу товарен воз и автобус кај Евротунелот во Франција, најмалку 19 повредени
    • Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш
    • Мицкоски: СЈО беше неуставен имплант, не може со неправда да донесат правда
    • Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци злоупотребувајќи го случајот со Михаилова
    • (ВИДЕО) Градоначалникот на Скопје на ручек со вработените: Вие сте тивките херои кои го градат нашиот град
    • Пренџов: Не нè блокираше ЕУ, туку Влада што го испрати Османи да потпише протоколи во Софија
    • Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија добива центар за вештачка интелигенција – „Везилка“ го носи македонскиот јазик во дигиталната ера

    Македонија добива центар за вештачка интелигенција – „Везилка“ го носи македонскиот јазик во дигиталната ера

    16.06.2026 во 09:202 Mins Read
    МДТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    Центарот ќе има значајна улога во развојот на македонски јазичен модел и создавање домашна дигитална база, со цел македонскиот јазик, култура и идентитет соодветно да бидат застапени во современите технологии.

    Проектот „Везилка“ предвидува дигитализација на македонскиот јазичен корпус и развој на голем јазичен модел кој ќе може да го користат институциите, академската заедница, компаниите и граѓаните. Според најавите, целта е намалување на зависноста од странски алатки кои не секогаш го препознаваат македонскиот јазичен контекст.

    Носител на проектот е ФИНКИ, кој соработува со повеќе институции, меѓу кои Службен весник на Република Северна Македонија, Собрание на Република Северна Македонија, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и МАНУ, како и институти за македонски јазик и литература.

    Проектот „Везилка“ е вреден 6,5 милиони евра и е поддржан од државни средства, факултетите и Европската Унија. Според најавите, до крајот на годината или почетокот на следната се очекува функционален јазичен модел достапен како „open-source“ решение за институциите и компаниите.

    Паралелно се најавува и подготовка на закон за вештачка интелигенција, кој ќе воспостави етички и транспарентни правила за нејзина примена, со фокус на јавната администрација, здравството, земјоделството и културата.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

    15.10.2026 во 23:20

    Мицкоски: СЈО беше неуставен имплант, не може со неправда да донесат правда

    15.10.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.