Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од Милетино: Опозицијата ја уништуваше Македонија седум години
    • Мицкоски: Победуваме на изборите во Брвеница на 18 октомври
    • Радичевски во Милетино: Градоначалникот мора да биде за сите граѓани, без партиски поделби
    • Хорор го потресе регионот: Mлад човек извлечен од БМВ и избоден со нож
    • (ФОТО) Вандализиран надземниот пешачки премин „Влајко“
    • Ескалација на судирите: Украина нападна руска рафинерија на 2.500 км од границата
    • ЦУК: Регистрирани 30 пожари на отворено, активни се 12 жаришта низ земјава
    • Од утре вистински пресврт со времето – УХМР најавува и снег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: Со автопатот Скопје – Блаце прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси

    ВРЕДИ: Со автопатот Скопје – Блаце прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси

    16.06.2026 во 08:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје – Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

    -За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси. Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира според професионално решение и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние што мислеа дека ќе се збогатат од овој пат. Со години овој стратешки проект беше одложуван и држен како заложник на тесни интереси. Денес, кога конечно напредува, корисници нема да бидат привилегирани поединци, туку граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкото поврзување со Косово, велат тие.

    Велат ВЛЕН не е во Владата за да штити приватни интереси, туку за да реализира проекти кои со децении се користеле само за политичка пропаганда.

    -Автопатот Скопје-Блаце е еден од проектите што ја покажува разликата меѓу оние што зборуваа за развој и оние што го реализираат во пракса. Автопатот Скопје – Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапи: 24 години празни ветувања и 24 месеци ангажман што го водат проектот кон завршување, завршуваат ВЛЕН.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Милетино: Опозицијата ја уништуваше Македонија седум години

    08.10.2026 во 20:34

    Мицкоски: Победуваме на изборите во Брвеница на 18 октомври

    08.10.2026 во 20:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.