Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави хаос, долгови и разочарани земјоделци

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави хаос, долгови и разочарани земјоделци

    16.06.2026 во 09:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието затоа што токму нивното седумгодишно владеење остави хаос, долгови и разочарани земјоделци. СДС остави заостанати субвенции кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплати на земјоделците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Денес се исплаќаат субвенциите од 2025 година кои се тековни.

    Кога зборуваме за исплатени субвенции од страна на владата на СДС и ДУИ за периодот 2021 -2023 година тогаш доаѓаме до вкупна сума која за 3 години е помала од 14 милијарди денари.

    За разлика од владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно ќе има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години отколку што СДС и ДУИ, исплатиле за 3 години.

    Ова е вистината, а не конструкции на безидејната СДС која се обидува да ги манипулира земјоделците и граѓаните.

    Во однос на сточарите и млекото, СДС како и кај многуте сектори, така и тука за 17 месеци во нивниот период на власт немаа исплатено субвенции за предадено млеко. Особено е апсурдно што токму СДС зборува за млекопроизводството, сектор во кој со месеци не беа исплаќани субвенции за предадено млеко.

    Денес за прв пат после десет години во 2025 година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024 година. Зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024 година.

    Зголемување во однос на 2024 година има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар. И во производството на пченица лани за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица.

    Наместо поддршка, од СДС земјоделците добиваа празни ветувања и оправдувања.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра

    23.09.2026 во 14:30

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.