- Од Лондон до Даблин: Муцунски во серија дипломатски посети, фокус на трговијата и извозот
- Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме
- Гледал ТВ па фатил автобус и ги запалил возилата кај Бугарска амбасада – Го има Путин истетовирано на стомакот
- Ќе нема струја до 15 часот – Прекини на електричната енергија низ Скопје
- Над 400 нови работни места – Мицкоски ќе претстави нова инвестиција
- Институциите и младите обединети против насилството – Потпишување Декларација во Скопје
- Предлозите за статусот на судските и обвинителските службеници пред Собранието
- Денеска сонце и 34 степени, па невреме – УХМР со метео предупредување за утре
Author: Author 03
Малиот грчки остров Антикитера започна иницијатива за привлекување нови жители, нудејќи финансиска поддршка и обезбедено сместување за оние што се подготвени да се преселат. Со само 45 постојани жители, локалните власти се обидуваат да го спречат целосното исчезнување на населението и да му дадат нов живот на островот. Програмата предвидува бесплатно сместување, храна и месечна финансиска поддршка за новите доселеници. Грција ќе исплаќа по 500 евра месечно во период од три години, што вкупно изнесува околу 18.000 евра по домаќинство. Иницијативата е насочена пред сè кон млади семејства и квалификувани работници кои би сакале да започнат нов живот на островот.…
Малиот грчки остров Антикитера започна иницијатива за привлекување нови жители, нудејќи финансиска поддршка и обезбедено сместување за оние што се подготвени да се преселат. Со само 45 постојани жители, локалните власти се обидуваат да го спречат целосното исчезнување на населението и да му дадат нов живот на островот. Програмата предвидува бесплатно сместување, храна и месечна финансиска поддршка за новите доселеници. Грција ќе исплаќа по 500 евра месечно во период од три години, што вкупно изнесува околу 18.000 евра по домаќинство. Иницијативата е насочена пред сè кон млади семејства и квалификувани работници кои би сакале да започнат нов живот на островот.…
Градот Аомори, сместен на најголемиот јапонски остров Хоншу, важи за светски лидер по количина на снежни врнежи. Таму просечно паѓаат околу 7,9 метри снег годишно, а дебелата снежна покривка ги покрива улиците од ноември до април. Во текот на зимата, тротоарите се опкружени со високи наноси од снег и мраз, кои се зголемуваат со секое чистење. Со обилни снежни врнежи се соочува и Сапоро, најголемиот град на островот Хокаидо, каде годишно во просек паѓаат околу 4,85 метри снег. Градот е светски познат по зимскиот фестивал „Јуки Мацури“, на кој секоја година се изложуваат импресивни скулптури од снег и мраз. На…
Протести се одржаа на улиците на Техеран и покрај прекинот на интернетот што во Иран трае повеќе од 24 часа и покрај заканувачките СМС-пораки упатени до граѓаните да не учествуваат во демонстрациите, објавува Би-Би-Си. Според британскиот јавен сервис, неколку видеа од протестите одржани во четврток навечер прикажуваат луѓе облеани во крв како лежат на улиците на иранската престолнина. Би-Би-Си наведува дека тоа се првите снимки од Техеран што ги добиле по воведувањето на интернет-блокадата и дека на нив се гледаат демонстранти како скандираат антивладини пароли. Очевидци изјавиле дека граѓаните во Иран добиваат заканувачки СМС-пораки од Корпусот на исламската револуционерна гарда…
Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за време на дочекот на Нова година, бара донации за да ги покрие погребалните трошоци. Шеснаесетгодишниот Стивен бил во барот со својата сестра. „Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство“, објави Македонското друштво Пианец во Швајцарија, на социјалните мрежи. Друштвото соопшти дека трансакциските сметки се отворени за да се помогне на семејството да се справи со погребните трошоци, како и да се обезбеди финансиска поддршка во…
Новинарката Салије Садику ги соблече своите чевли, чорапи и јакна и ги даде на премрзнато дете чиј дом е целосно поплавен во Кичево. Кичево во изминатите денови трпи страшни последици од невремето и врнежите од дожд.
Пазарот на недвижности во Европската Унија бележи силен раст во третиот квартал од 2025 година. Цените на становите се зголемиле за 5,5 проценти, додека кириите пораснале за 3,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Според најновите податоци на Евростат, трендот на поскапување продолжува и на квартално ниво. Во однос на вториот квартал од 2025 година, цените на недвижностите се зголемени за 1,6 отсто, а станарините за 0,9 отсто. Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6 проценти, додека закупнините се зголемиле за 21,1 отсто. Додека кириите во…
Вечерва на автопатот Скопје–Велес, кај Петровец се случи сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, едно патничко возило излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда (банкина). На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната служба. Поради интервенцијата и увидот, сообраќајот се одвивал забавено, со краткотрајни застои во движењето на возилата, но истиот не е блокиран односно се пропуштаат возила. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека не верува оти Соединетите Американски Држави би употребиле воена сила за анектирање на Гренланд, оценувајќи дека такво сценарио би имало сериозни последици за НАТО. На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони нагласи дека е неопходно „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и во Гренланд, поради зголеменото геополитичко значење на ова подрачје. „Сè уште не верувам во хипотезата дека САД би започнале воена акција за преземање на контролата врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржале“, изјави Мелони. Таа додаде дека таков потег не би бил во ничиј интерес. „Верувам дека тоа…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја осуди употребата на хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“ од страна на Русија врз Лвив, Украина, оценувајќи ја како опасна и неодговорна ескалација. „Ја осудуваме употребата на хиперсоничната балистичка ракета ‘Орешник’ врз Лвив. Ова претставува неодговорна ескалација која ја загрозува регионалната и глобалната безбедност и дополнително го крши меѓународното право“, напиша Муцунски. Тој истакна дека Македонија стои на страната на Украина и ја поддржува иницијативата предводена од САД и европските партнери за постигнување сеопфатен и траен мир, нагласувајќи дека ваквите напади само ги поткопуваат мировните напори.
