Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Недвижностите во ЕУ со силен раст – становите поскапеа за 5,5 отсто

    Недвижностите во ЕУ со силен раст – становите поскапеа за 5,5 отсто

    09.01.2026 во 22:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пазарот на недвижности во Европската Унија бележи силен раст во третиот квартал од 2025 година. Цените на становите се зголемиле за 5,5 проценти, додека кириите пораснале за 3,1 отсто во споредба со истиот период минатата година.

    Според најновите податоци на Евростат, трендот на поскапување продолжува и на квартално ниво. Во однос на вториот квартал од 2025 година, цените на недвижностите се зголемени за 1,6 отсто, а станарините за 0,9 отсто.

    Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6 проценти, додека закупнините се зголемиле за 21,1 отсто. Додека кириите во последната деценија бележат релативно стабилен раст, кај цените на становите се забележуваат периоди на стагнација, проследени со фази на исклучително брзо поскапување.

    Најизразен раст е регистриран во Унгарија, каде цените на становите од 2015 година пораснале за дури 275 проценти. Освен Унгарија, двојно зголемување на цените е забележано во уште 11 земји-членки. На врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, со раст од над 150 отсто.

    Единствен исклучок е Финска, каде цените на недвижностите денес се за два проценти пониски во споредба со пред десет години. Кога станува збор за кириите, најголем раст повторно е забележан во Унгарија, со скок од 107 отсто, а значителни зголемувања се евидентирани и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.