- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 03
Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски. По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници?, прашуваат вечерва од СДСМ откако претходно од ЗНАМ испратија соопштение дека голем дел…
Македонија подготвува сериозни и радикални измени на Законот за заштита од пушење, со кои целосно ќе се забрани пушењето во сите затворени простори од јавен карактер, а значително ќе се ограничи и увозот и продажбата на тутунски и никотински производи. Според нацрт-верзијата на новиот закон, цигарите ќе бидат тргнати и од видното поле на купувачите во маркетите, пренесува Телма. Новиот закон, кој наскоро ќе биде ставен на јавна расправа преку платформата ЕНЕР, предвидува строги правила за сите затворени јавни институции, како и за угостителските објекти. „Забраната важи за сите угостителски објекти за исхрана, вклучувајќи, ресторани, барови, меани, кантини“, се наведува…
Италијанска инфлуенсерка со руско потекло, Јулија Бурцева (38), починала по естетска интервенција извршена во приватна клиника во Москва, а случајот е предмет на истрага од страна на надлежните органи. Смртта на Бурцева, која починала на 4 јануари, ја вознемири јавноста, пренесува „Daily Mail“. Според руските медиуми, таа се подложила на популарна естетска процедура за зголемување на задникот. Кратко по интервенцијата нејзината здравствена состојба нагло се влошила, по што итно била пренесена во болница, каде што лекарите констатирале смрт. Како можна причина за смртта се наведува анафилактичен шок. Московскиот истражен комитет соопшти дека е покрената кривична постапка поради сомнеж за предизвикување…
Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Прва Светска Војна Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци од индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Прва Светска Војна. По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна…
Информација за состојбата по обилните врнежи од дожд (состојба до 17:00 часот) Пелагониски регион Битола Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја. Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река. Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање. Ресен Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана. Крушево ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево,…
Во Собранието се доставени предлозите за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, предложени од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и МИТ Универзитет. Во јавноста е позната и како поранешна членка на Комисијата за помилување. Сузана Јошевска-Анастасовска е адвокатка со повеќегодишно искуство, со посебен фокус на кривичната материја. Предлозите доаѓаат по усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет на 29 декември, со кој се воведуваат измени насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста, поголема јавност…
Обилните снежни врнежи целосно ја парализираа Москва, каде што во текот на денот се очекува значително зголемување на снежната покривка. Според најавите на Рускиот хидрометеоролошки центар, снегот би можел да достигне висина од 15 до 20 сантиметри, што е блиску до рекордните вредности измерени во 1956 година. Метеоролозите предупредуваат дека количината на врнежи во текот на денот најверојатно ќе го надмине рекордот од 1976 година, кога биле измерени 12,9 милиметри, а под сериозна закана е и јануарскиот максимум од 23 милиметри регистриран во 1970 година. Како главна причина за екстремните временски услови се посочува силен средоземски циклон кој донесе нестабилно…
Двајца 30-годишни мажи од Скопје синоќа се пронајдени мртви во викендица во селото Горна Ѓоновица кај Гостивар, потврди СВР Тетово. Од полицијата велат дека случајот бил пријавен синоќа пред полноќ, но детали не се соопштуваат. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата се предадени на обдукција која ќе треба да ги открие причините за смртта.
Мицкоски и ДПМНЕ не сакаат дијалог туку им треба алиби, покритие за нивното сценарио кое СДСМ веќе го разобличи. Избори, а потоа мигранти, зад што се крие обид за бегство од одговорноста за криминалот и корупцијата, велат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. „Ова е единствената причина за којашто Македонија се држи изолирана и надвор од ЕУ.Подадената рака ја прифати ЗНАМ. Нив ги купивте. Затоа и постои тендер коалицијата. „Консензус“ на овој начин не можеме да правиме од две причини: прво, ние не сакаме да ја изолираме Македонија; и второ, не сме на иста страна на законот. Нема…
Движење ЗНАМ за Наша Македонија со загриженост ја следи реториката и однесувањето на Венко Филипче. Иако едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен само на партиската фотелја. Жалиме што некогашната државотворна партија, наместо да делува како силна, конструктивна и иницијативна опозиција која предлага решенија и води суштински дебати за иднината на државата, се служи со вулгарен и уличен вокабулар, оддалечувајќи се од вистинскиот политички дијалог, реагираат попладнево од ЗНАМ по денешниот брифинг на Венко Филипче. Ваквото однесување и реторика на Филипче и СДСМ, предизвикува историски транфер на разочарани членови од…
