Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почнаа уписите на УКИМ
    • Малолетник падна в рацете на полицијата – го фатија со марихуана
    • Орхан Муртезани: Ја продолжувам јавната служба како амбасадор во НАТО
    • Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции
    • Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов во посета на Општина Маврово и Ростуше
    • ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола
    • Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија
    • Утре без струја дел од Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?

    Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?

    15.06.2026 во 23:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Упатство за постари: Генерација З се оние родени на крајот на 90-тите и почетокот на 2.000 и се првата генерација растени со смартфони и социјални мрежи како нивно секојдневие, еко -систем кој ја има обликувано нивната комуникација, однесување и вредности.

    Една од карактеристиките на Ген З е што им вртат грб на книгите со рекордно темпо. Резултат? Доаѓаат на колеџ неспособни да прочитаат цела реченица. На установите не им останува голем маневарски простор освен да ги намалат очекувањата.

    Една искусна професорка се сеќава дека порано се чуделе кога деца им доаѓале недоволно подготвени за критично мислење. Сега сфаќа дека тоа биле златни времиња.

    „Ова денес не е неспособност за критичко размислување, ова е неспособност за читање реченици“, вели Џесика Хутен Вилсон, професорка по хуманистички науки на Универзитетот Пепердин.

    Нејзиното искуство одразува поширок тренд: речиси половина од сите Американци не прочитале ниту една книга во 2025 година, а навиката се намалила за околу 40% во текот на последната деценија.

    Дури и заедно со младите луѓе кои го прифаќаат BookTok, подзаедница на ТикТок посветена на книги и литература, навиките за читање на генерацијата З сè уште заостануваат зад сите други генерации.

    „Дури и кога читате на час заедно со нив, многумина не можат да ги процесираат самите зборови што се на страницата,“ вели професорката.

    Поради ваквата реалност, дел од професорите тивко решиле да ги намалат стандардите и очекувањата, што е дел од ден друг тренд на додворување кон младите.

    Некои професори ќе речат дека проблемите се имаат родено во пораните фази од образованието, кадешто на читањето се гледа како на средство за постигнување на цел (оценка), а не како задоволство или навика. Години и години стандардизирано бирократизирано тестирање, имаат формирано генерации ученици кои скенираат информации, наместо да навлезат во слоевите на текстовите, пренесе ОФФНЕТ.МК.

    „Тие се обучени за скенирање, што е корисно за навигација низ вести на интернет, но многу помалку ефикасен начин за ангажирање со густи романи или филозофски дела“, вели Тимоти О’ Мали, професор по теологија.

    Други го забележале генерацискиот проблем со самодовербата. Брук Вучковиќ од Келог школата за менаџмент на Нортвестерн, вели дека околу 40-50% од нејзините студенти се опишуваат себеси како почетници или не баш добри читатели, но откако ќе бидат охрабрени да почнат да читаат, промената може да биде моментална.

    И покрај отстапувањето на генерацијата З од читањето, навиката останува популарна меѓу ултрабогатите. Анкета на ЏејПи Морган од 2025 година на повеќе од 100 милијардери покажа дека читањето се рангира како врвна навика на оние што се или целат да бидат елита.

    Прочитај повеќе

    Крај на лајковите, филтрите и сториите? Инстаграм и Фејсбук се соочуваат со најголемиот удар досега – Мета пред историско судење во САД

    18.08.2026 во 11:20

    Дневен хороскоп: Неочекувани трошоци за Овенот, изненадување за Близнаците

    18.08.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.