Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шок во светот на медицината: Млада италијанска инфлуенсерка почина по естетска интервенција

    Шок во светот на медицината: Млада италијанска инфлуенсерка почина по естетска интервенција

    09.01.2026 во 17:521 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Италијанска инфлуенсерка со руско потекло, Јулија Бурцева (38), починала по естетска интервенција извршена во приватна клиника во Москва, а случајот е предмет на истрага од страна на надлежните органи.

    Смртта на Бурцева, која починала на 4 јануари, ја вознемири јавноста, пренесува „Daily Mail“. Според руските медиуми, таа се подложила на популарна естетска процедура за зголемување на задникот. Кратко по интервенцијата нејзината здравствена состојба нагло се влошила, по што итно била пренесена во болница, каде што лекарите констатирале смрт. Како можна причина за смртта се наведува анафилактичен шок.

    Московскиот истражен комитет соопшти дека е покрената кривична постапка поради сомнеж за предизвикување смрт од небрежност, поврзана со неправилно извршување на професионалните должности.

    „Истражителите се на местото на настанот, а медицинската документација ќе биде одземена. Наложени се низа форензички вештачења“, стои во официјалното соопштение.

    Во фокусот на истрагата е приватната клиника „Елмас“, каде што била извршена интервенцијата, со цел да се утврди дали имало пропусти во медицинската постапка.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.