- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 03
Грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата ќе трае шест часа и ќе започне во 17 часот по македонско време, односно во 18 часот по локално време. Според најавите, преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез од Грција до полноќ по грчко време, односно до 23 часот по македонско време. Забраната ќе важи за сите категории возила – товарни, патнички автомобили и автобуси. Грчките земјоделци и вчера попладне го блокираа Евзони во истиот временски период. Во однос на наредните денови, одлуките ќе се носат во последен…
Сопствениците на швајцарскиот ски-бар во Кранс-Монна, кој беше зафатен од смртоносен пожар, денес се појавија на сослушување во канцеларијата на државниот обвинител. Станува збор за брачниот пар Жак Морети (49) и неговата сопруга Џесика Морети (40), кои се осомничени за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и палење од небрежност, објави „Дејли меил“. Морети беа фотографирани при пристигнувањето во Сион, главниот град на кантонот Вале. Џесика Морети била видливо вознемирена и во солзи додека минувала покрај собраните фотографи. Набргу по нивното пристигнување беше соопштено дека Жак Морети, еден од ко-сопствениците на барот „Ле Констелејшн“, е приведен. Извори за…
На покана на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, присуствував на празничниот ручек што традиционално го приредува по повод неговиот именден, денот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, информираше на социјалните мрежи претседателката Гордана Сиљановска Давкова на ФБ. Му посакав добро здравје, духовна сила и долг век во служењето: во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот. Должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината, стои во објавата на претседателка.
Гласот на Македонија одекна во светот – „Силјан“ ја освои наградта од публиката на Cinema Eye Honors
ГЛАСОТ НА МАКЕДОНИЈА ОДЕКНА ВО СВЕТОТ – „СИЛЈАН“ ЈАОСВОИ НАГРАДАТА ОД ПУБЛИКАТА НА CINEMA EYE HONORS Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена. Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и…
Жената која предпладнево беше прегазена близу трговскиот центар „Зебра“ во Скопје попладнево почина, соопштија од Ургентниот центар. Како што претходно соопшти МВР, возачот кој ја удрил 75-годишната жена возел со голема брзина, а потоа избегал од местото.
Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека лидерска средба има смисла. На неа единствено мора да се разговара за суштински реформи, а не за пазарски и ПР решенија. Ние сме подготвени да одиме на лидерска средба, но НЕ ако е таа само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, туку заради одговори на клучните прашања кои директно го засегаат животот на граѓаните. Несериозно е политиката да се сведе на тоа: „ние сме за укинување“ или „ние сме против укинување“ на техничката влада. И што потоа? Ако се укине или ако не се укине ?! Дали ќе јадеме…
Велешанецот Лучијано Чорев и годинава подели бадникови оброци за своите сограѓани кои беа случајни минувачи во центар на Велес, пред поранешна Стоковна куќа „На-ма“. Исто како и минатата година храна за вечерната бадникова трпеза имаше и за граѓани на кои им беше неопходна. Подели 900 оброци на сограѓани за Бадник. Линк од ВИДЕОТО.
Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. „Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање – Божиќ. Во својата порака, претседателката посака празничниот мир да влезе во секој дом. Претседателката истакна дека Божиќ, како ден на раѓањето на Спасителот, служи како инспирација за добрина и меѓусебна помош. „Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. Рождеството Христово нè вдахновува со неизмерна љубов, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош и утеха на сите на кои им се потребни“, вели Сиљановска-Давкова. И годинава, вели претседателката, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и…
