Author: Author 03

На 05.01.2026 година во 12:50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека Д.У.(45) од Кичево, при изведување градежни работи на куќа во Кичево, паднал, по што бил пренесен во Општата болница во Кичево за укажување на помош.

Повеќе

На 05.01.2026 година во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар. Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.

Повеќе

На 05.01.2026 година во 22 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Живко Туфекџиоски“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две малолетни лица при што, едното се здобило со телесни повреди. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок

Повеќе

Секако дека ги осудуваме сите кои се како Мадуро и како Мицкоски, реагираат попладнево од СДСМ. „Ние засега можеме само со зборови да осудиме, а се надеваме дека вам наскоро ќе ви се суди според законите на оваа држава, за да не мора да доаѓаат по вас, како што дојдоа по Мадуро. Ве осудуваме за мигранти за пари и за предавство на Македонија. Ве осудуваме за 161 тендер за една компанија, за 9 милиони евра за друга, за 1,2 милиони евра тендери од Пошта. Ве осудуваме за Резолуцијата за забрана за говор по примерот на Хитлеровиот декрет. Сите 65 пратеници…

Повеќе

Жител на неготинското село Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта. -Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Д., на возраст од 55 години од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на улицата „Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. -По…

Повеќе

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец над 60 km/h, информираат од УХМР. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно…

Повеќе

Полициски службеници утринава во 04:45 часот ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје. Тинејџерите се уапсени на на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Московска“ во Скопје. -По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ, информира МВР. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Пет години во барот „Ле Констелашн“ во швајцарскиот туристички центар Кранс-Монтана не била извршена безбедносна инспекција, покажуваат првичните наоди од истрагата за трагедијата што се случи за време на новогодишната ноќ, во која загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени, објави Би-Би-Си. Според прелиминарната истрага, пожарот избувнал откако прскалките – дел од забавниот украс – ја запалиле звучната изолација на таванот. Пенестата облога, која служела за апсорпција на звук, никогаш не била тестирана за отпорност на оган. Градоначалникот на Кранс-Монтана, Николас Феро, потврди дека објектот не бил прегледан од 2019 година, признавајќи сериозни институционални пропусти. „Жалиме за ова…

Повеќе

Висок функционер на Белата куќа вчера ги опиша тврдењата на САД за контрола на Гренланд како „формален став на американската Влада“, додека ја отфрли можноста за воен конфликт околу арктичкиот остров, јавува ДПА. На прашање на Си-Ен-Ен дали Вашингтон би ја исклучил употребата на сила за преземање на Гренланд, Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, рече: „Никој нема воено да се бори против САД околу иднината на Гренланд“. Тој изјави дека островот треба да биде дел од САД, додавајќи дека Трамп јасно го искажал својот став уште од почетокот на неговиот мандат пред речиси една година.…

Повеќе

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општинаИлинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радоснатавест за Христовото раѓање – Божиќ. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, гипречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подарипразнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојбаво семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладитежители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување направославните обичаи.

Повеќе