Author: Author 03

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави. Централната Бадникова поворка во Скопје ќе обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои и оваа година активно ќе учествуваат во организацијата на настанот. Градоначалниците и општинските тимови во претпладневните часови ќе ги пречекаат и даруваат коледарчињата во своите општини. Потоа, со организиран превоз, децата и нивните семејства ќе се упатат кон централната манифестација во Скопје. Формирањето на поворката ќе…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа и повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 7 до 11 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 11 и 14 степени. Во Скопје се очекува слично време – променливо облачно со услови за повремен дожд и умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне околу 13 степени. Во среда следува влошување на временските услови со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на метар квадратен,…

Повеќе

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа…

Повеќе

Американската глумица Анџелина Џоли го напушта Холивуд за да почне ново поглавје во својот живот, многу веројатно – вон САД. Познатата актерка, режисерка и хуманитарка, имено, го продава својот имот „Сесил Б. Демил“ во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година и веќе го покажува на потенцијални купувачи, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six). Главната причина за заминувањето на Џоли, која е на самиот почеток од шестото десетлетие од својот живот, е нејзиниот мачен развод од поранешниот сопруг Бред Пит (62), со кого конечно постигна спогодба на 30 декември 2024 година – осум години откако поднесе…

Повеќе

Цените на суровата нафта пораснаа на почетокот на првата работна недела во 2026 година, откако американската воена операција во Венецуела внесе нова неизвесност околу идната глобална понуда. На лондонскиот пазар цената на „брент“ се искачи на околу 61,7 долари за барел, додека американската нафта WTI се тргуваше по приближно 58,3 долари, покажуваат берзанските котации објавени попладнево. Пазарната реакција следува по викендот во кој САД соопштија дека во ноќна акција го уапсиле венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со најави дека ќе се соочи со обвиненија пред американски суд. Настанот повторно ги отвори прашањата за стабилноста на венецуелската нафтена индустрија и можните последици…

Повеќе

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека Русија систематски ги таргетира американските компании што работат во Украина, откако во руски напад беше погоден објект на американскиот земјоделски производител „Банџ“ во градот Днипро, во југоисточниот дел на земјата. „Овој напад не беше грешка – беше намерен, бидејќи Русите се обидоа неколкупати да го погодат ова претпријатие“, напиша Сибиха на социјалната мрежа Икс. Тој оцени дека Русија систематски го напаѓа американскиот бизнис во Украина и додаде дека ваквите дејствија го покажуваат „целосното непочитување на рускиот претседател Владимир Путин кон мировните напори за Украина, предводени од САД“. Претходно денеска, градоначалникот…

Повеќе

Унгарскиот олимписки натпреварувач и светски шампион во кајак Миклош Дудаш (34) беше пронајден мртов во понеделник наутро во својот стан во Будимпешта, соопшти Полициската управа на унгарската престолнина (BRFK). Според полицијата, близок роднина го пријавил случајот, по што станот на вториот кат бил отворен со помош на бравар. Телото било пронајдено околу 11:22 часот, а околностите на смртта се истражуваат во рамки на административна постапка со вклучување на надлежни експерти. Портпарол на полицијата изјави дека засега нема индиции за вмешаност на трети лица, пренесува порталот Index.hu. По веста за неговата смрт, претседателот на Унгарската кајакарска асоцијација, Шмит Габор, како и…

Повеќе

Православните христијани на Бадник, вечерта наспроти Божиќ, во домот внесуваат бадниково гранче односно го украсуваат домот со бадникови гранки кои всушност се дабови гранчиња. Традицијата на украсување на домот со бадниковото гранче се забележува уште од 4 век. Неизбежниот симбол на Бадник е бадниковото гранче кое го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа. Бадниковото гранче е токму гранче од дабово дрво бидејќи уште од дамнина овие дрва се сметаат за најиздржливи и највековити. Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија. Бадниковото гранче уште…

Повеќе

Само 33 проценти од Американците ги одобруваат воените удари на САД врз Венецуела, додека 72 проценти се загрижени дека земјата би можела прекумерно да се вклучи во јужноамериканската држава, покажува најнова анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена денеска. Според резултатите, 65 проценти од републиканците ја поддржуваат воената операција наредена од републиканскиот претседател Доналд Трамп, во споредба со само 11 проценти од демократите и 23 проценти од независните испитаници. Американските сили во саботата наутро извршија смртоносна операција во Каракас, по која венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше уапсен и предаден на американските федерални власти за судење по обвиненија за трговија со дрога. Анкетата исто…

Повеќе

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека Венецуела не смее да биде дестабилизирана. Тој го нагласил ова во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, по американската воена операција во која беа уапсени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга. „Ние не одобруваме никакви дејствија, каде и да било во светот, што ја нарушуваат политичката легитимност и меѓународното право. Во случајот со Венецуела настојуваме да го направиме она што е најдобро и најисправно, и за Турција и за пријателскиот венецуелски народ“, изјави Ердоган по претседавањето со првата годинашна седница на неговиот кабинет. Тој додаде дека во разговорот со Трамп ја пренел…

Повеќе