Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети – санкционирани 33 лица
    • ЈОРМ: Се вршат претреси во службени простории во МВР
    • Евро банкнотите добиваат нов изглед
    • Сопругата ме натепа мене и малолетниот син – Семејна драма во Берово
    • Кривична пријава за тетовчанка: Физички го нападнала своето четиригодишно дете
    • Скопјанец забележал дупка на капак од буре во дворот, кога го отворил внатре имало зрно од огнено оружје
    • Две лица кривично ќе се гонат за убиството на 26-годишното момче во Скопје
    • Филипче: Вака веќе не се живее – пак поднесуваме Закон за 600 евра минималец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Анџелина Џоли го напушта Холивуд

    Анџелина Џоли го напушта Холивуд

    05.01.2026 во 23:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американската глумица Анџелина Џоли го напушта Холивуд за да почне ново поглавје во својот живот, многу веројатно – вон САД. Познатата актерка, режисерка и хуманитарка, имено, го продава својот имот „Сесил Б. Демил“ во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година и веќе го покажува на потенцијални купувачи, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six).

    Главната причина за заминувањето на Џоли, која е на самиот почеток од шестото десетлетие од својот живот, е нејзиниот мачен развод од поранешниот сопруг Бред Пит (62), со кого конечно постигна спогодба на 30 декември 2024 година – осум години откако поднесе барање за развод, според Џеј Бенџамин – глумец и продуцент чиешто познанство со Џоли датира од 2005 година.

    – Не може доволно да се оддалечи од драмата… Единствениот начин да се одмори е да си замине. Таа ќе си оди и ќе се опушти – ќе прави само работи што го движат нејзиното срце, душа и страст. Таа е прекрасна, талентирана и великодушна жена, додаде Бенџамин.

    Џоли и претходно изрази желба да го напушти Лос Анџелес, нагласувајќи дека е врзана за градот само додека сите нејзини шест деца од врската и бракот со Пит не наполнат 18 години. Тоа ќе се случи во јули оваа година, кога близнаците Нокс и Вивиен го слават 18. роденден. Џоли и Пит го имаат и Медокс (24), кој е роден во Камбоџа, Пакс (22) посвоен од Виетнам, ќерка им Захара (20) од Етиопија и Шајло (19).

    Нејзиниот однос со Пит беше затегнат по инцидентот во приватен авион во 2016 година, кога Џоли го обвини за физички и вербален напад врз неа и децата. На Џоли ѝ беше доделено примарно старателство, а некои од децата оттогаш одлучија да се откажат од презимето Пит.

    Глумицата, инаку, оваа година планира да го минува своето време меѓу Њујорк – каде што го води својот моден колектив „Ателје Џоли“, Европа каде што бара „повеќе приватност“, и Камбоџа – нејзиниот долгогодишен втор дом, чиј граѓанин е.

    Иако веќе не работи за Обединетите нации, нејзината хуманитарна работа продолжува. Таа ја посети Газа со американска делегација, каде што се сретна со хуманитарни работници и повредени Палестинци кои се лекуваат во Египет.

    – Не би била глумица денес, изјави таа за „Волстрит џурнал“ во 2023 година, објаснувајќи дека се налутува на очекувањето дека јавните личности споделуваат толку многу за себе. – Кога почнував, немаше потреба да бидеме толку присутни во јавноста.

    И, додека таа се повлекува од глумата, Бред Пит сѐ повеќе се вкоренува во Холивуд. Неговата продуцентска куќа „План Би ентертејнмент“ (Plan B Entertainment) сѐ уште ужива успех со филмовите како „Битлџус“ и серијата во три дела – „Проблем со телото“, а самиот тој ја има главната улога во драмата „Формула 1“ (F1).

    Прочитај повеќе

    А1 Македонија втора година по ред генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

    11.09.2026 во 11:31

    Газдата на Авалон се извини – бев меѓу двајца полицајци, уморен и под стрес

    11.09.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.