- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 03
На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен премин „Долно Блаце“, 60-годишниот Ќ.С. од Р.Косово, управувајќи патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, удрил во пешакот С.К.(25) од Скопје. С.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, возачот Ќ.С. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани, нагласуваат од партијата. – Но, опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ. Кога алчноста и потпросечноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче, резултатот на таквата симбиоза е ЗаеФче. Ова ЗаеФче…
Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот јапонски регион Чугоку, по што следеа серија силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на првиот земјотрес бил во источниот дел на префектурата Шимане, а од агенцијата информираат дека нема опасност од појава на цунами. Компанијата „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, лоцирана на околу 32 километри од епицентарот, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 продолжува нормално. И Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија потврди дека по земјотресот не се забележани никакви неправилности во работењето на нуклеарните објекти. Вториот блок на…
Божикно интервју: Пимен- Митрополит Европски (МПЦ-ОА) Европската епархија на МПЦ-ОА, беше една од најктивните во изминатава 2025 година, каде верниците во Европа се органзираа околу помош за настраданите во кочанската трагедија. Каде завршија собраните средства, како се распределени, во божикното интервју за Прес 24, зборува надлежниот митрополит Пимен. -Со Супорт Кочани бевме во постојан контакт за да ни посочуваат кога и за што има потреба најоптимално да се распоредуваат тие средства. Исто така беа остварени и неколку средби со претставници од здравствениот дом од Кочани. Така се случи првата погоре спомната донација од 40.000 евра за комресивна облека. Со оделот…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија нема да ја напушти Европската Унија, но оцени дека Унијата „ќе се распадне сама од себе“ поради, како што рече, хаосот во нејзиното раководство. Изјавата беше дадена на меѓународна прес-конференција одржана во понеделникот. Орбан ја отфрли можноста за излез на Унгарија од ЕУ, нагласувајќи дека земјата е премала за таков чекор, но истакна дека иднината на Унгарија ја гледа во рамките на Европската Унија и НАТО, со „суверена надворешна и економска политика“. „Членството во ЕУ е важна можност, но ако сме врзани само за еден блок, ќе го испиеме целиот сок. Разумно е…
Музејот Лувр во Париз денеска е делумно затворен за посетители поради нов штрајк на вработените, со што повторно се соочува со прекин во редовното работење. Како што објавува Euronews, станува збор за продолжување на штрајкот кој започна минатиот месец, а беше привремено суспендиран за време на празниците. Одлуката за прекин на работата е донесена вчера, по генералниот состанок свикан од синдикатите CFDT и CGT, на кој вработените со огромно мнозинство гласаа за продолжување на штрајкот, во знак на протест против лошите услови за работа. Од управата на Лувр соопштија дека музејот ќе остане делумно отворен и дека посетителите ќе имаат…
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо изјави дека е благодарна за акцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела, оценувајќи ја како „огромен чекор за човештвото, за слободата“. Мачадо, која минатата година помина месеци криејќи се поради закани од, како што наведува, авторитарното раководство на земјата, го пофали Трамп за апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро. „3 јануари ќе влезе во историјата како ден кога правдата триумфираше над тиранијата“,изјави синоќа Мачадо за „Фокс њуз“. Таа оцени дека станува збор за пресвртница која има значење не само за венецуелскиот народ, туку и „за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“. Мачадо му…
Денеска и утре, поради празникот Богојавление – Водици во Грција, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено. Како што јави дописничката на МИА од Атина, ваква пракса беше применета и за време на Божиќ и Нова година, со цел да им се олесни патувањето на граѓаните. Од друга страна, на граничниот премин Ники (Меџитлија), од денеска од 9 часот ќе биде во прекин сообраќајот за товарни возила, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Протестите на грчките земјоделци започнаа на 30 ноември, а веќе на 1 декември земјоделците од северна Грција…
Гранчиња од даб под масата, кои потоа завршуваат во оган, не раскревање на храната и пијалокот од трпезата после вечерата и оставање отворен прозор кога домашните се веќе на спиење (за да може Господ да си замине откако вечерал) , се некои од обичаите карактеристични за Кочани за Бадник. Исто така, најсрекникот, кај кој што ќе се „падне“ паричката, дополнително се наградува со симболична сума пари, додека паричникот на домаќинот, бадниковата ноќ ја поминува под трпезата и масата на која се вечерало. Иако, вообичаено тоа го прави највозрасниот маж во куќата или домаќинот, во некои делови домаќинката е таа која…
Бадник – денот пред Божиќ, 6 јануари е денот со кој веќе започнува Божиќната прослава. Рано наутро се оди во шума по бадникови гранчиња (во градовите најчесто се купуваат). Потоа жените ја приготвуваат трпезата за Божиќ. Бадниковите гранчиња обично се од младо дабово дрво кое се сече на Бадник и се носи пред домот, покрај влезната врата, каде што стои до вечерта. Бадниковата вечер практично ги спојува Бадник и Божиќ. Навечер, кога ќе падне мрак, домаќинот со синовите во домот носи баднак и слама. Вечерата е посна, најчесто се приготвува гравче, свежа или сушена риба, како и други посни јадења. Денес, сите…
