Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силен земјотрес ја погоди Јапонија

    Силен земјотрес ја погоди Јапонија

    06.01.2026 во 11:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот јапонски регион Чугоку, по што следеа серија силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

    Епицентарот на првиот земјотрес бил во источниот дел на префектурата Шимане, а од агенцијата информираат дека нема опасност од појава на цунами.

    Компанијата „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, лоцирана на околу 32 километри од епицентарот, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 продолжува нормално.

    И Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија потврди дека по земјотресот не се забележани никакви неправилности во работењето на нуклеарните објекти.

    Вториот блок на централата Шимане беше рестартиран во декември 2024 година, првпат откако сите јапонски нуклеарни централи беа затворени по катастрофата во Фукушима во март 2011 година.

    Земјотресот имал сеизмички интензитет од горен 5 на јапонската скала од 1 до 7, што е доволно силно за да го отежни движењето без поддршка.

    По потресот, железничкиот превозник „Вест Јапан Рејлеј“ соопшти дека сообраќајот на брзите возови е привремено прекинат на погодените делници.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.