Author: Author 03

Божјиот благослов оваа година кај Ведран.Жив и здрав да си, сине!, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на граѓаните им го честиташе големиот христијански празник. Бадник, вечер исполнета со вера, љубов и семејна топлина.На здравје и благословена Бадниковата вечера на сите.Нека Бог ве дарува само со убавини, мир и бериќет. Бадник е светата традиција што нè собира околу трпезата и срцата, место каде што владеат хармонијата, љубовта и спокојот.Моменти тивки, а непроценливи.Моменти што се паметат и се пренесуваат од поколение на поколение. Оваа година, радоста е уште поголема, затоа што среќен пронаоѓач на паричката беше…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски сподели селфи со семејството. На фотографијата се познава дека паричката за Бадник се паднала кај неговиот помал син. Премиерот традиционално Бадник чека со неговата сопруга, две деца и неговите родители. „На традиционална бадникова вечера со моите најблиски. Ова се празници на љубов, дарување и почитување. Честит Бадник. За многу години“, напиша премиерот на ФБ.

Повеќе

Напорите за враќање на електричната енергија и греењето во областите во југозападен Берлин продолжуваат четврти ден по ред откако десетици илјади домаќинства останаа без струја по нападот врз електричната мрежа, објави ДПА. Околу 45.000 домаќинства и повеќе од 2.200 бизниси во саботата останаа без струја откако беа запалени високонапонски кабли што ги поврзуваат со електрана. Берлинските власти веруваат дека левичарските активисти се одговорни за палењето. Околу 19.500 домаќинства и околу 1.000 бизниси сè уште се без струја, а операторот на системот „Стромнец Берлин“ (Stromnetz Berlin) изјави дека прекинот може да трае до четврток бидејќи поправките се сложени. Полицијата, пожарникарите и…

Повеќе

Со песна, радост и детска насмевка, коледарчињата од Кисела Вода денеска беа дел од Бадниковата поворка. Дарувани со подароци од градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и со Божикни ѕвезди кои претходно ги изработуваа на креативните работилници, тие од Кисела Вода се упатија кон Музејот на Град Скопје, а потоа и кон Плоштад Македонија, пред големата пештера, каде што празничната програма во пресрет на Хистовот раѓање-Божик, продолжи во организација на Град Скопје. -И покрај дождливото утро, денеска во Кисела Вода силно ја почувствувавме празничната атмосфера и духот на Бадник. Коледарчиња од нашата општина, со песна и насмевки, го најавија Христовото…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ упати порака за заедништво, солидарност и хуманост по повод Бадник и Божик. „Во овие мигови да се потсетиме што си значиме и да си подадеме рака. Да помогнеме таму каде што е најпотребно. Верата и надежта да ни помогнат да се сплотиме и да станеме посилни“, порача Герасимовски. Тој изрази благодарност до „Здружението за традиционална прослава на Бадник“ за одличната организација и посветеноста во чувањето и негувањето на бадникарските обичаи. Со здравица и желба за среќни и радосни празници, на скопјани им се обратија новиот бадникарски кум…

Повеќе

Стотици скијачи се собраа на снежна падина во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што заедно формираа облик на срце во знак на сеќавање на жртвите од смртоносниот пожар за време на новогодишната ноќ во локалнииот бар „Ле Констелејшн“, во кој загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Иницијативата беше предводена од Швајцарското училиште во Кран-Монтана и различни скијачки клубови од регионот. На нив им се приклучи и Туристичко-конгресната организација на Кран-Монтана.

Повеќе

Честит Бадник! Нека денешниот празник, кој е симбол на надежта и оптимизмот, донесе здравје, радост и благосостојба во секој дом, стои во честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Бадниковата вечер не потсетува на вистинските вредности кои нè прават подобри луѓе и посилно општество – солидарноста, грижата за ближниот и заедништвото. Во мир, спокој, заедништво и надеж, да ја дочекаме веста за Христовото раѓање. Честит и вековит Бадник!, стои во објавата на Филипче на фб.

Повеќе

Со радост и длабока почит кон традицијата, еден од најтоплите и најсветли празници во нашата духовна ризница, Бадник, нè потсетува на тишината пред големата радост, на семејното собирање, смирението, љубовта и надежта, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Тоа е ден кога срцата се отвораат, кога домот станува храм, а заедништвото наш најголем благослов во пресрет на Христовото раѓање. Денес имав чест да присуствувам на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде со достоинство и верба се сподели благословената погача, се делеа Бадниковите гранчиња кои се симбол на животот, мирот и новиот почеток.…

Повеќе

На 05.01.2026 полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

На 05.01.2026 година во 15:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Блато“, од слобода го лишија А.Г.(28)  од Булгиза, Република Албанија, кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „изнуда“.  А.Г. е пренесен и задржан во ОВР Дебар, за натамошна постапка.

Повеќе