- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 03
Постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, Мајк Волц, денеска изјави дека Вашингтон не води војна против Венецуела и не ја окупира земјата. „Како што изјави државниот секретар Марко Рубио, не се води војна против Венецуела и нејзиниот народ. Ние не ја окупираме земјата“, рече Волц на седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на состојбата во Венецуела. Американскиот дипломат оцени дека операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро била „акција на органите на редот“. Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп му дал на Мадуро повеќе можности за излез, во обид за деескалација. „САД нема…
По апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро од страна на американските сили, претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата администрација упатија предупредувања до други држави – Колумбија, Куба, Мексико, Иран и кон самоуправната територија на Данска, Гренланд. -Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата може слободно да тече. Американската доминација на западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање, изјави синоќа Трамп. Гренланд е важен за заштитата на националната безбедност на САД Тој вчера повтори дека Гренланд им е потребен на САД поради националната безбедност. -Ни треба…
Утре, 6 јануари, е Бадник, еден од најсветите денови во православната традиција. Тоа е ден на подготовки, полн со симболи и обичаи што го најавуваат раѓањето на Исус Христос. Последниот ден од Божиќниот пост, кога душата и телото се чистат за најголемиот христијански празник. Бадник не е само подготовка за Божиќ, тој е исполнет со длабока симболика. Од внесувањето на бадниково дрвце до посната вечера, секој момент носи порака за заедништво, љубов и радост. Преку постот, молитвата и семејното собирање, Бадник нè воведува во светлината на Божиќ. Утрината домиаќинките носат гранче од млад даб, односно бадниково дрвце. Се внесува во…
Русија категорично ја осудува, како што ја нарече, агресијата на Соединетите Американски Држави против Венецуела, изјави денеска постојаниот претставник на Москва во Обединетите нации, Василиј Небензја. „Решително го осудуваме чинот на вооружена агресија на САД против Венецуела, кој е во спротивност со сите норми на меѓународното право“, рече Небензја на седница на Советот за безбедност на ОН, свикана поради настаните во Венецуела. Тој наведе дека апсењето на венецуелскиот лидер, проследено со смртта на неколку венецуелски и кубански државјани, за многумина претставува навестување за враќање на ерата на беззаконие и американска доминација заснована на сила. Според Небензја, меѓународната заедница не смее…
Дваесет и осум лица се спасени по потонувањето на туристичко бротче во Црвеното Море, во близина на пристаништето Хамата, јужно од египетскиот туристички центар Марса Алам, објави весникот „Ал Ахрам“. Станува збор за туристичкото бротче „Ла Вила“, на кое се наоѓале 20 туристи од различни националности и осумчлен египетски екипаж. Пловилото удрило во морското дно и се заглавило, по што започнала итна евакуација. Во спасувачката акција учествувале блиски пловни објекти, кои успеале безбедно да ги евакуираат сите 28 лица и да ги пренесат на брегот. Во инцидентот нема загинати ниту повредени. Надлежните органи отворија истрага за да ги утврдат причините…
Николас Мадуро денеска за првпат јавно се обрати пред федерален суд во Соединетите Американски Држави, откако беше екстрадиран од Венецуела, изјавувајќи дека не се чувствува виновен и дека е незаконски одземен од својот дом во Каракас. Откако му беше побарано да го потврди својот идентитет, Мадуро стана пред судот додека му беше читано резимето од обвинението. Во своето кратко обраќање тој истакна дека сè уште е претседател на Венецуела „Не сум виновен. Јас сум чесен човек и сè уште сум претседател на мојата држава. Бев киднапиран од мојот дом во Каракас“, изјави Мадуро, по што повторно седна. Рочиштето започна во…
Бојковска: Три реформски закони за образованието на средина на јануари на ЕНЕР, го менуваме системот
Во денешната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која зборуваше за реформите коишто се прават во образованието и истакна дека истите се темелат на Стратегијата за образование 2026-2032 на којашто се работи во моментот и кој процес тече исклучително успешно. Бојковска најави дека кон средината на месец јануари на ЕНЕР треба да излезат трите нови закони во сферата на образованието како: Законот за високо образование, Законот за научно- истражувачка дејност и Законот за Агенција за квалитет во високото образование. „На средината на месец јануари на ЕНЕР ќе излезат три нови…
Тајната служба на САД започна една од најамбициозните кампањи за регрутирање во својата историја, со цел да вработи илјадници нови агенти и офицери, објави весникот „Вашингтон пост“. Мерката има за цел да го намали оптоварувањето на вработените и да ја подготви агенцијата за клучните настани во 2028 година, вклучувајќи ги претседателските избори во САД и Летните олимписки игри во Лос Анџелес. Раководството на службата планира да ангажира околу 4.000 нововработени до 2028 година. Со ова, вкупната бројка на вработени првпат би надминала 10.000 луѓе, што е зголемување за околу 20 отсто. Планот предвидува бројот на специјални агенти да порасне од…
По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили за време на викендот, претседателот Доналд Трамп и неговата администрација упатија серија предупредувања кон повеќе држави, меѓу кои Колумбија, Куба, Мексико, Иран и Гренланд – автономна територија на Данска, јавува Си-Ен-Ен. Трамп порача дека целта на САД е стабилност и контрола во регионот. „Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата е дозволено слободно да тече“, изјави тој. Американскиот претседател додаде дека „американската доминација на Западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање“. Осврнувајќи се на Гренланд,…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска соопшти дека едно лице се обидело да упадне во неговиот дом во Охајо, при што биле искршени прозорците на куќата. Во моментот на инцидентот, семејството на Венс не се наоѓало во домот. Како што претходно објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор од органите за спроведување на законот, властите спроведуваат истрага за случајот, а едно лице е приведено. „Колку што можам да проценам, луд човек се обидел да влезе со провала, кршејќи ги прозорците. Благодарен сум на Тајната служба и на полицијата во Синсинати за брзиот одговор“, напиша Венс во објава на социјалната мрежа „Икс“.…
