Author: Author 03

На итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина и Русија остро го осудија американското воено дејствување во Венецуела, додека Соединетите Американски Држави го бранеа своето постапување како легална операција за спроведување на законот. Дебатата ги разоткри длабоките поделби меѓу светските сили по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Кина: САД не може да биде светски полицаец Кинескиот претставник во ОН, Фу Конг, ги обвини САД за грубо кршење на меѓународното право и принципите на суверенитет. „Како постојан член на Советот, САД ги игнорира сериозните загрижености на меѓународната заедница, безобѕирно го прекрши суверенитетот,…

Повеќе

Париски суд прогласи за виновни 10 лица за онлајн вознемирување на француската прва дама Брижит Макрон, поради објавување и споделување злонамерни коментари на социјалните мрежи во кои лажно се тврдеше дека таа е родена како маж. Осум мажи и две жени, на возраст од 41 до 60 години, меѓу кои наставник по спорт, сопственик на уметничка галерија и публицист, добија казни што се движат од задолжителна едукација за разбирање на онлајн вознемирувањето до осуммесечна условна затворска казна. На дел од осудените им е изречена и забрана за користење на социјалните мрежи на кои ги ширеле спорните содржини, пренесува „Гардијан“. Судот…

Повеќе

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на т.н. „Коалиција на подготвените“, посветена на состојбата во Украина, соопштија прес-службите на трите институции. Од НАТО информираа дека средбата ќе биде копретседавана од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, а по завршувањето на разговорите не се предвидени изјави за медиумите. Во соопштението на Европскиот совет е цитиран претседателот Антонио Кошта, кој оценува дека единствениот начин Русија да биде привлечена кон мировни преговори е преку зајакнување на украинската страна.…

Повеќе

Аеродромот „Схипхол“ во Амстердам откажа речиси 500 летови и беше затворен за дојдовен авионски сообраќај до пладне, поради обилните снежни врнежи. Дел од авионите беа пренасочени кон други аеродроми во регионот. Снегот предизвика сериозни проблеми и во железничкиот сообраќај, при што возовите не сообраќаат во поширокото подрачје на Амстердам. Отежнато се одвива и патниот сообраќај, со бројни доцнења и сообраќајни незгоди. Надлежните власти ги повикаа граѓаните да останат дома доколку нема итна потреба за патување, имајќи предвид дека снежните врнежи се очекува да продолжат и во наредните денови.

Повеќе

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, денеска порача дека прашањето за иднината на Гренланд треба да биде одлучувано исклучиво од Гренланд и Кралството Данска. – „Да бидам сосема јасен за Гренланд, иднината на Гренланд е во рацете на Гренланд и Кралството Данска“, изјави Стармер, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со неодамнешната изјава на данската премиерка Мете Фредериксен. Фредериксен синоќа им упати порака на Соединетите Американски Држави да престанат со заканите кон, како што рече, „историски близок сојузник“. Стармер нагласи дека целосно ја поддржува позицијата на данската премиерка и дека стои на нејзина страна во однос на ова прашање.

Повеќе

Во Иран деветти ден по ред се одржуваат протести поради влошената економска ситуација. Според активистите, протести има во 26 од вкупно 31 ирански провинции. Демонстрантите извикуваат пароли „Смрт на диктаторот“, алудирајќи на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, „Пахлави се враќа“ – синот на прогонетиот починат шах, како и „Слобода, слобода, слобода“. Според активистите во протестите убиени се најмалку 19 демонстранти. Претседателот на САД, Доналд Трамп ги предупреди иранските власти дека ќе бидат „силно нападнати“ ако има уште жртви. – Многу внимателно ја следиме ситуацијата. Ако почнат да убиваат луѓе, како што правеа и оретходно, мислам дека САД многу силно ќе…

Повеќе

Како ќе изгледа вашиот прием во зависност од вашиот хороскопски знак? Овенот ја дочекува Новата година како трка, со чаша во рака и план да биде еден чекор пред сите на полноќ. Бикот влегува во новата година со добра храна, уште подобро вино и цврста решеност да не се помрдне од тоа место цела ноќ. Близнаците ја дочекуваат полноќта со три паралелни разговори, со мобилните телефони во рака и веќе испланирана забава по полноќ. Ракот ја дочекува Новата година емотивно, со луѓето што ги сака, со малку носталгија и тешки прегратки на полноќ. Лав ја дочекува годината знаејќи кој е ѕвездата на вечерта, кој ја…

Повеќе

По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата. На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила, како и едно излетување од пат. Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните да постапуваат одговорно и внимателно и да ги следат препораките на надлежните служби, а за навремена помош и пријава на опасности или итни ситуации да го користат единствениот број…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи сегашниот министер за дигитална трансформација Михаило Федоров да стане нов министер за одбрана на Украина. -Предложив Михаило Федоров да стане нов министер за одбрана на Украина. Михаило е длабоко вклучен во прашања поврзани со линијата за беспилотни летала, тој работи многу ефикасно на дигитализацијата на јавните услуги и процеси, рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Униан. Според него, назначувањето на новиот шеф на Украинската служба за надворешно разузнавање ќе биде објавено наскоро. -Денес започна значително внатрешно ресетирање, промени насочени кон тоа Украина да стане поотпорна… Минатата година, државните институции покажаа и добри резултати што…

Повеќе

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека на одредени патни правци се забележуваат врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели. Од центарот апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

Повеќе