- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 03
На многу луѓе им е позната состојбата кога некој не нѐ гледа како приоритет, туку како „резервна опција“ – некој што можат „да го земат од полицата“ кога им треба внимание, блискост или (само)потврда. Често за нив се вели дека се „резерва“… Ваквите врски се збунувачки, бидејќи се чини дека постојат, но без јасна намера и насока, пишува порталот „Супержена“. Следат неколку совети за знаците коишто можеби укажуваат дека партнерот ја држи „саканата“ личност „на полица“, а всушност, затскриено бара „подобра прилика“ за себе. 1. Се појавува доволно, колку „да не го заборавите“… Партнерот никогаш не исчезнува целосно, но ретко…
Додека отслужува четиригодишна затворска казна, американскиот рапер Шон Диди Комбс ја повлече својата озлогласена вила за забави во Лос Анџелес од пазарот, откако по повеќе од една година не успеа да најде купувач. Како што пренесува порталот „Кликс“, раперот кој неодамна поднесе жалба тврдејќи дека неговата казна е прекумерна и дека Судот ја поништил одлуката на поротата, се трудеше да најде купувач за куќата во којашто бил домаќин на бројни познати личности, на дел од контроверзните секс-забави. Записите за недвижности добиени од „Реалтор“ (Realtor .com) покажуваат дека вилата е отстранета од продажба на 24 декември, со што се заврши еден…
Речиси сите нови автомобили регистрирани во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажуваат официјалните податоци, што ја потврдува водечката позиција на земјата во постепеното укинување на бензинските и дизел возила. Норвешка, иако голем производител на нафта, забрзано се префрла на возила на батерии, во спротивност со остатокот од Европа. Додека норвешката електрична флота расте, слабата побарувачка во Европската Унија доведе Брисел минатата недела да се откаже од планираната забрана за автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Благодарение на даночните олеснувања, 95,9% од сите нови автомобили регистрирани во Норвешка во 2025 година биле електрични, во споредба со 88,9%…
Папата Лав XIV се помоли за жртвите од смртоносниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во Швајцарија. Поглаварот на Римокатоличката црква изрази сочувство и загриженост за семејствата на жртвите, соопшти државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. – Папата сака да изрази сочувство и загриженост за роднините на жртвите. Тој го моли Господ да ги прими починатите во своето царство на мир и светлина и да им даде храброст на оние што страдаат во телото и духот, се вели во пораката испратена од кардиналот Паролин до епископот на Сион, Жан-Мари Лови. Градот Сион се наоѓа во швајцарскиот кантон…
Федералното истражно биро (ФБИ) спречи потенцијален терористички напад за новогодишната ноќ во Северна Каролина. Осомничен е 18-годишник кој планирал да нападне луѓе со ножеви и чекани во супермаркет и ресторан за брза храна во Минт Хил. Младиот осомничен, американски државјанин, дејствувал самостојно, објави германската агенција. Специјалниот агент на ФБИ, Џејмс Барнакл помладиот, изјави дека осомничениот ја изразил својата лојалност кон таканаречената Исламска држава (ИД) и признал дека сакал да убива Американци на почетокот на годината. Белешките пронајдени кај него сугерираат дека таргетирал Евреите, христијаните и лицата од ЛГБТК+ заедницата, вклучувајќи лезбејки, гејови и трансродови лица. ФБИ наведува дека осомничениот бил…
Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле А.Ф. и М.Ф. од с.Видуше, гостиварско. По насоки на јавен обвинител патничкото возило ќе биде задржано Полициска станица Гостивар за вонреден технички преглед, а телата на починатите ќе бидат дадени за обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата.
Сопственикот на кафулето „Ле Констелашн“, Жак Морети, за прв пат проговори со медиумите по пожарот на Нова година во познатиот швајцарски скијачки центар Кранс Монтана, во кој загинаа 47 лица, а речиси 120 беа повредени. Во разговор за порталот 20 Minuten, Морети изјави дека тој и неговата сопруга „не можат ниту да јадат ниту да спијат“ и дека се чувствуваат „многу лошо“. Тој објасни дека поради психолошката состојба одбил подолго интервју, но дека целосно соработува со истражителите. „Ќе направиме сè што е во наша моќ да помогнеме да се расветли причината за пожарот. Правиме сè што можеме. Вклучени се и…
Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер го погоди Мексико Сити, при што се повредени 12 лица, соопшти градоначалничката Клара Бругада Молина. „По активирање на протоколот за реагирање на земјотрес, е пријавено дека паднале пет столбови и четири дрвја во главниот град на Мексико“, изјави Бругада Молина на платформата X. Таа додаде дека биле пријавени 18 прекини на електрична енергија во различни населби. „Две структури се проценуваат поради ризик од урнување, а како превентивна мерка се проверуваат 34 згради и пет куќи“, истакна градоначалничката. Мексиканската Национална сеизмолошка служба претходно соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во јужната држава…
Шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, денеска изјави дека барот во Кран Монтана, каде што на новогодишната ноќ избувна пожарот, имал повеќе од еден излез за евакуација. Сепак, повеќето посетители во паника не успеале да ги најдат и се обиделе да излезат преку главниот влез. Во трагичниот инцидент загинаа 40 лица, а 119 се повредени. Точниот број на присутни во локалот засега не е познат. „Повеќето луѓе не ги пронашле излезите за евакуација“, изјави Ганцер на прес-конференција. На прашањето дали пена на таванот на барот придонела за ширење на пожарот, тој рече дека истрагата ќе утврди дали…
Компанијата „Транснафта“ а.д. Панчево објави тендер за изградба на нафтовод што ќе ја поврзе границата со Унгарија со Нови Сад, јавуваат српските медиуми. Тендерот опфаќа изведба на градежни работи, како и стручен надзор за реализација на проектот. Во тендерската документација се наведува дека изградбата на главниот нафтовод меѓу Унгарија и Србија претставува проект од национален интерес, чија цел е диверзификација на увозните правци и зголемување на безбедноста во снабдувањето со нафта на домашниот пазар. Во моментов, Србија има само еден правец за увоз на нафта – преку Хрватска и нафтоводот Јанаф. Со реализацијата на новиот нафтовод, земјата ќе добие алтернативен…
