- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 03
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(54) од Тетово, М.Ф.(29) од с.Долно Количани, општина Студеничани, И.А.(54) од с.Шемшево, општина Јегуновце и З.З.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Прво и второпријавениот со лажно прикажување на факти во декември 2024 година измамиле жена на тој начин што и ветиле дека ќе и посредуваат да купи куќа во Тетово, сопственост на нивни роднини за сума од 135.000 евра. Таа во два наврати им платила 8.600 евра, а во март 2025 година откако увидела дека куќата е во сопственост на друго лице и се обидела случајот да…
Меѓународната федерација за дијабетес официјално го призна дијабетес тип 5, помалку позната, но сериозна форма на болеста, јави Сајнс Алерт (Science Alert). Овој тип е поврзан со неухранетост и е различен од дијабетесот тип 1, 2 и 3. Според извештаите, проблемот со дијабетесот тип 5 е предизвикан од неразвиен панкреас, што е резултат на долгорочна депривација на хранливи материи рано во животот. Дијабетесот тип 5 првпат е откриен во 1955 година, на Јамајка, а досега постоело двоумење дали всушност постои и како треба да се дијагностицира и лекува. Се проценува дека од него можат да се зазболат до 25 милиони…
Вечерва е намерно запалена баскет подлогата на игралиштето во Населба Радишани, објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. -Станува збор за едно од најубавите баскет игралишта во државата. Терен покриен со сертифицирана подлога за баскет од ФИБА. Мала среќа што чуварот на училиштето и совесни граѓани случајно виделе како гори подлогата. Огнот е изгаснат, а штетата не е преголема за среќа. Друго ништо не би кометирал, немам зборови, објави Костовски. Видеото погледнете го ТУКА.
Мел Гибсон и Розалинд Рос го потврдија крајот на нивната деветгодишна врска. Гибсон и Рос ја споделија оваа информација ексклузивно со списанието People. -Иако е тажно да се заврши ова поглавје од нашите животи, ние сме благословени со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобри родители, рекоа Гибсон и Рос. Режисерот и актер (69) и сценаристката (35) ќе продолжат заедно да го одгледуваат својот осумгодишен син Ларс. Двојката се запознала преку заеднички пријатели во 2014 година, а Ларс е роден во 2017 година, само неколку дена пред Гибсон да биде номиниран за Оскар за најдобар режисер за „Hacksaw Ridge“. „Што…
Две лица се повредени при сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Кочани – Штип меѓу селата Долни Подлог и Тракање, потврдија за МИА од СВР-Штип. Според првичните информации повредените се хоспитализарни во Општата болница во Кочани. Две лица се повредени при сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Кочани – Штип меѓу селата Долни Подлог и Тракање, потврдија за МИА од СВР-Штип. Според првичните информации повредените се хоспитализарни во Општата болница во Кочани.
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода .Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, пренесува АМСМ.
Внуката на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џон Ф. Кенеди, Татјана Шлосберг, почина на 35-годишна возраст, објави денес Би-Би-Си. Семејството ја објави нејзината смрт на социјалните мрежи, што ја сподели Фондацијата на библиотеката „Џон Ф. Кенеди“, пишувајќи: „Нашата прекрасна Татјана почина утрово. Таа секогаш ќе биде во нашите срца.“ Во ноември, Шлосберг објави дека ѝ е дијагностицирана агресивна форма на рак и дека ѝ останува помалку од една година живот. Шлосберг беше ќерка на дизајнерот Едвин Шлосберг и ќерката на американскиот претседател Каролин Кенеди.
Заповедникот на украинските вооружени сили, Олександр Сирскји кажа дека Украина го прифатила ограничувањето на војската на 800.000 војници. Сирскји кажа дека се променил односот на западните сили кон украинската војска. Тој вели дека неодамна имал состанок со началникот на одбраната на Велика Британија и Франција „Тие бараат од нас да ја обучуваме нивната војска. Смета дека тоа е најголемо признание, ние повеќе никого не молиме, тие доаѓаат кај нас“, кажа заповедникот.
Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит, а информацијата ја објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Ле Петит. „ Си замина Боби Ле Петит.. Човек со големо срце, хуманист, пријател, вистински другар. Лавовски се бореше, но за жал не успеа.. Не постои човек кој за него ќе каже лош збор. Денес загубивме сите, не само неговото семејство. Загуби Автокоманда и цела Гази Баба.. Искрено сочувство до семејството Стојковиќ за кои нема зборови за утеха. Ќе останат спомените по кои засекогаш ќе го паметиме Боби! Збогум пријателе“, објави градоначалникот на Општина Гази Баба.
Постојат процедури како се стекнува магистратура и докторат (или учебник и сл. ). Така постои и процедура за утврдување на плагијат и сл. “Sид на срамот” е импровизација. Не постои тело кое е квалификувано за такво нешто! Си играте играчки!, вака реагира на социјалните мрежи професорот Гордан Калајџиев. Ваквата негова реакција доаѓа откако вчера министерката Весна Јаневска на брифинг со новинарите кажа дека ќе има ѕид на срамот за да се откријат имињата на сите кои си купуваат магистерски и докторски трудови.
