Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мел Гибсон и Розалинд Рос го потврдија крајот на нивната деветгодишна врска. Гибсон и Рос ја споделија оваа информација ексклузивно со списанието People.

    -Иако е тажно да се заврши ова поглавје од нашите животи, ние сме благословени со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобри родители, рекоа Гибсон и Рос.

    Режисерот и актер (69) и сценаристката (35) ќе продолжат заедно да го одгледуваат својот осумгодишен син Ларс.

    Двојката се запознала преку заеднички пријатели во 2014 година, а Ларс е роден во 2017 година, само неколку дена пред Гибсон да биде номиниран за Оскар за најдобар режисер за „Hacksaw Ridge“.

    „Што може да биде повозбудливо од тоа да ги слушнам номинациите објавени додека го држев мојот новороден син“, рече Гибсон во тоа време.

    Освен Ларс, Гибсон има осум постари деца. Со неговата поранешна сопруга Робин Мур, тој има ќерка Хана и шест сина: Кристијан, Едвард, Вилијам, Луис, Мило и Томас. Тој има и 16-годишна ќерка Луција со пијанистката Оксана Григориева, со која се раздели во 2010 година.

    Во септември 2024 година, најмладите деца на Гибсон, Луција и Ларс, се појавија со него на црвениот тепих на премиерата на филмот „Monster Summer“ во Лос Анџелес.

    Во јануари 2025 година, Гибсон и Рос го загубија својот дом во Малибу во пожарите во Лос Анџелес. Актерот беше надвор од градот во моментот на трагедијата, но неговото семејство и домашните миленици беа евакуирани на безбедно место.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.