Author: Author 03

На 15.11.2025 во 14:50 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Бошков Мост- село Гари, Ј.Ц.(43) од Дебар, управувајќи мотоцикл со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловоз. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи

Повеќе

На 14.11.2025 во 16:00 часот, при изведување градежни работи и ископ во струшкото село Калишта била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 105 милиметри. Овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, а увид изврши екипи од СВР Охрид.

Повеќе

На 15.11.2025 во 15:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Лескоец, патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски таблички, кое го управувала Н.А.(54) од истото село, удрила во мопед кој го управувала В.М.(53) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.

Повеќе

На 15.11.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на С.К.(54) од истото село. Повредени лица нема, а увид на местото и подигнување на пронајдениот проектил, изврши екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Повеќе

На улицата Сава Михајлов вчера попладнето се случи тешка несреќа со електричен тротинет. Околу 17 часот, 15-годишна девојка од Инџиково, која го управувала тротинетот, изгубила контрола и паднала на коловозот. Со неа била и 14-годишна сопатничка. Двете девојчиња се здобиле со тешки телесни повреди и биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани повредите. На местото на несреќата излезе екипа од СВР Скопје и изврши увид.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Х.(39) од с.Жеровјане, општина Боговиње и против негов правен субјект од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 27.06.2025, К.К. (29) од Тетово застанала под тенда на правниот субјкет, која се откачила поради невреме и паднала врз неа и врз уште едно лице.

Повеќе

Ноќеска (16.11.2025) околу 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачје на Карпош во Скопје е пронајден починат З.С.(55) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција

Повеќе

На 15.11.2025 околу 23:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П.(28) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ С.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х.(52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М.(28) од Косово и возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“…

Повеќе

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови, најавува УХМР. Според прогнозата, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места пообилни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, над 60 километри на час. Како што информира УХМР, утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален…

Повеќе

Утре во Брисел ќе се одржи 7. меѓувладина конференција за пристапување на Албанија во Европската унија, на која ќе биде отворен последниот кластер што се однесува на ресурсите, земјоделството и кохезијата. „Овој состанок ќе послужи за отворање на преговорите за група 5 ‘Ресурси, земјоделство и кохезија’, вклучувајќи ги поглавјето 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност на храната, ветеринарство и фитосанитарни прашања), 13 (рибарство и аквакултура), 22 (регионална политика и координација на структурни инструменти) и 33 (финансиски и буџетски одредби)“, објавија албанските медиуми. Албанскиот премиер Еди Рама, најавувајќи го одржувањето на конференцијата, истакна дека „отворањето на последниот кластер во преговорите…

Повеќе