- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
- Фон дер Лајен: ЕУ нема да ги ублажи санкциите против Иран без конкретни промени
- Би-би-си идната недела укинува стотици работни места во информативниот сектор
- Потпишана декларација за соработка со Северна Рајна-Вестфалија
- Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени
Author: Author 03
Попладнево во Будва било регистрирано пукање од огнено оружје, а според неофицијални информации објавени од подгоричкиот портал „Борба“, едно лице го загубило животот. Полицијата засега не ја потврди информацијата за убиство, но на местото на настанот биле распоредени голем број полициски службеници, а градот бил под засилени безбедносни мерки. Полицијата ги контролира приодите кон Будва, додека е во тек интензивна потрага и истрага. Итните служби брзо реагирале, но според достапните информации, повредите на ранетиот маж биле фатални. Мотивот за пукањето и идентитетот на лицата инволвирани во инцидентот засега не се познати. Во меѓувреме, Полициската управа соопшти дека телото на С.…
Турција годинава е погодена од вкупно 53.262 земјотреси, што во просек изнесува околу шест земјотреси на секој час. Ова ја прави втора година со најмногу регистрирани потреси во земјата, веднаш по 2023 година, изјави професорот Булент Озмен од Универзитетот Гази во Анкара. Според податоците што ги презентираше Озмен, во текот на 2025 година биле регистрирани 437 земјотреси со јачина поголема од 4 степени според Рихтеровата скала. Од нив, 412 биле со јачина меѓу 4 и 5 степени, 20 со јачина од 5 до 6, додека пет земјотреси достигнале јачина од 6 до 6,9 степени. „Овие податоци покажуваат дека во Турција…
Турската полиција денеска приведе 357 осомничени лица во голема операција против членови на Исламска држава (ИД), соопштија турските власти. Акцијата е спроведена само еден ден по престрелката во северозападна Турција, во која загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека рациите биле извршени во 21 провинција низ целата земја, како дел од засилените мерки против тероризмот. Властите ги интензивираа безбедносните активности пред новогодишните прослави, откако разузнавачките служби предупредија на можни напади од страна на Исламска држава. Претходно, на 25 декември, полицијата во Истанбул спроведе рации на 124 локации, при што беа…
Град Скопје конечно ја објави агендата за утревечер. Забавата на Плоштад Македонија започнува во 20.00 часот и трае до еден часот по полноќ. Во продолжение погледнете кој изведувач во колку часот ќе настапува.
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека Соединетите Американски Држави се согласиле да распоредат свои сили во Украина како дел од безбедносните гаранции по постигнувањето мировен договор. Изјавата ја даде по разговорите со лидерите на клучните европски земји, канадскиот премиер, челниците на европските институции и генералниот секретар на НАТО, објави полскиот портал RMF24. Туск рече дека на состанокот бил оценет исходот од првата фаза на „многу сериозни преговори“ во кои учествувале лидерите на Украина, Европа, САД и Канада. „Мирот е на повидок“, изјави Туск, додавајќи дека постои можност договорот да биде постигнат во рок од неколку недели. Како основа за…
Русија тврди дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз една од официјалните резиденции на претседателот Владимир Путин, додека Кина повика на воздржаност и избегнување понатамошна ескалација на конфликтот. Според Скај њуз, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека конфликтот не смее да „се прелее надвор од бојното поле“, нагласувајќи дека не треба да има ескалација, и покрај најавите на Москва дека ќе одговори на наводниот напад. Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека за време на наводниот напад биле уништени 91 украински дрон и дека „целите и времето на руската одмазда веќе се утврдени“. Украинскиот претседател…
Поради проблеми со напојувањето со струја на возовите и дефект на еден воз денеска е во прекин сообраќајот под Ла Манш, соопшти железничката компанија „Еуростар“ (Eurostar). Компанијата ги повика машиновозачите да ги одложат патувањата во возовите што превезуваат возила и патници помеѓу Франција и Велика Британија. -Им препорачуваме на сите наши патници да го одложат своето патување за друг датум. Ве молиме не доаѓајте на станицата ако веќе немате билет за патувањето, се наведува во соопштението на „Еуростар“. Подводниот железнички тунел под Ла Манш е долг 50,5 километри и ги поврзува Фолкстон во Англија со Кокел во северна Франција. Низ…
На денешната седница на Владата, Беким Сали и официјално е именуван за Прв заменик-претседател на Владата. -Ова именување за мене не претставува само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, да бидам во служба на секој граѓанин, без никаква разлика, сè до целосната реализација на проектите што се од суштинско значење за сите граѓани. Оваа Влада, во изминатите речиси две години, покажа дека кога постојат волја, визија и посветеност, резултатите не изостануваат. Вработувањето и унапредувањето на илјадници млади луѓе, обезбедувањето средства за изградба на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиската поддршка за сите општини, решавањето…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили извршиле напад врз пристаниште во Венецуела, кое, според него, го користеле бродови осомничени за трговија со наркотици. Нападот, како што наведуваат медиумите, најверојатно претставува прв копнен удар врз Венецуела од почетокот на американската кампања против трговијата со дрога во Јужна Америка. „Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите беа натоварени со дрога. Ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме областа, која е целосно уништена“, изјави Трамп од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Трамп не ја откри точната локација на нападот, ниту пак прецизираше…
Најмалку четири лица се повредени, а околу 100 патници беа спасени со хеликоптер по несреќата на жичарница на планина во северозападна Италија, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил во близина на селото Макуњага, во регионот Пиемонт, кога две кабини на жичарницата се судриле со двете станици, информираше италијанската противпожарна служба. Тројца патници од горната кабина се здобиле со повреди, заедно со операторот на жичарницата кој се наоѓал на станицата. Според други италијански медиуми, вкупно шест лица побарале медицинска помош. По несреќата, блиските скијачки патеки биле привремено затворени, додека надлежните служби спроведуваат истрага за причините на инцидентот.
