Author: Author 03

Две лица се загинати, возачот и сопатникот во автомобилот во денешната сообраќајка која се случи во близина на св.Јован Бигорски. Имено, возачот прво изгубил контролa на возилото, по што возилото заврши во реката Радика, информирааат од МВР за Пресс24. „Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото. Увид на лице место е во тек“, велат од МВР за Пресс24.…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен. „Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски. При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на…

Повеќе

Уште од самиот почеток на 2026 година, зимата јасно покажа дека нема намера да попушти. Во текот на првиот ден од новата година започнаа најави за снег низ Македонија, при што во делови од западниот регион снежната покривка се очекува да надмине 15 сантиметри. Вечерта на 1 јануари 2026 година во целата земја преовладуваше ведро, но исклучително студено време. Температурите на воздухот се спуштија под нулата насекаде, а според најновите мерења, најстудено од поголемите градови беше во Охрид, каде што се измерени -7 степени Целзиусови. Иста температура е регистрирана и на Скопје – Петровец. Времето беше претежно тивко, без изразен…

Повеќе

Еден од повредените во пожарот е со хеликоптер префрлен во болницата „Мариенхоспитал“ во Штутгарт, каде што прима „интензивна медицинска нега“, јави ДПА. Две лица со „тешки повреди“ се хоспитализирани во клиниката „БГ“ во Тибинген, која се наоѓа околу 30 километри јужно од Штутгарт. Портпаролката на болницата изјави дека установата е подготвена да прифати и дополнителни пациенти доколку има потреба. „Мариенхоспитал“ во Штутгарт е специјализиран центар за лекување на лица со тешки изгореници уште од 1983 година, додека клиниката во Тибинген исто така располага со „специјална експертиза за третман на тешки изгореници“, соопшти портпаролката. Во катастрофалниот пожар што избувна за време…

Повеќе

Антикорупциската агенција на Хонг Конг уапси 21 лице под сомнение за корупција поврзана со реновирањето на две станбени населби, соопштија надлежните. Апсењата се дел од засилените антикорупциски мерки што следат по катастрофалниот пожар кон крајот на ноември, во кој беа оштетени седум облакодери, а загинаа повеќе од 160 лица. Градскиот менаџер Џон Ли минатиот месец формираше независна комисија со задача да ја истражи противпожарната и градежната индустрија и да утврди дали имало местење на тендери при доделувањето на договорите за реновирање. Независната комисија против корупција (ICAC) соопшти дека минатата недела спровела серија операции против криминална група за реновирање на згради…

Повеќе

Швајцарските власти идентификуваа 113 од повредените во смртоносниот пожар што го опустоши барот во швајцарскиот центар Кран-Монтана во новогодишната ноќ, соопшти локалната полиција. Вкупно се повредени 119 лица, а шестмина од нив сè уште не се идентификувани. Меѓу идентификуваните 113 повредени 71 се швајцарски државјани, 14 се француски државјани, а 11 се италијански државјани, четворица се Срби, едно повредено лице е од Босна, едно од Белгија, едно од Луксембург и по едно од Полска и Португалија, соопшти полицијата. Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој се наоѓа во Кран-Монтана, изрази надеж дека тројца од сè уште неидентификуваните повредени можеби…

Повеќе

Напнатоста во Иран дополнително се зголеми по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се подготвени да интервенираат доколку иранските власти продолжат да „пукаат“ и „убиваат“ демонстранти. Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) порача дека САД „се подготвени да дејствуваат“. На овие пораки остро реагираше секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, кој предупреди дека секое мешање на САД во внатрешните работи на земјата ќе предизвика хаос во целиот регион и сериозно ќе ги загрози американските интереси. Тој ги обвини САД и Израел дека стојат зад поттикнувањето на бранoт демонстрации во Иран.…

Повеќе

На 01.01.2026 околу 18:00 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во атар на с.Долни Дисан, на место викано „Василева Чешма“, Љ.К.(26) од с.Долно Дисан, неготинско, управувајќи трактор „фергусон“, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Повеќе

Денеска во 15:48 часот, од страна на дежурниот центар Е-112 Охрид е примена пријава за сообраќајна незгода – паднато патничко моторно возило во реката Радика, кај Бигорскиот манастир.По добиената пријава, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово остварил телефонски контакт со пријавителот, кој информирал дека возилото се движело со поголема брзина, при што изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката Радика, на локација после Манастирот „Св. Јован Бигорски“.За настанот веднаш биле известени полициските службеници од ПС Ростуше, кои ја потврдиле информацијата и излегле на лице место, каде се наоѓа и командирот на ПС…

Повеќе

Решавање на катастрофалните состојби во судството и Обвинителството преку промени е она што треба да очекуваат граѓаните и што треба да се случи во 2026 година, истакна во интервјуто за ТВ Алфа, вицепремиерот Николоски. ” Конечно ќе има промена во Обвинителството, веќе има в.д. Јавен обвинител и веќе има транспарентен оглас за пријавување за нов Јавен обвинител, кој што се надевам со многу поголема енергија ќе влезе во целата работа, рече Николоски. Како позитивна работа вицепремиерот ги потенцираше состојбите во царината, каде изминатата година државата генерирала 100 милиони евра дополнителен приход, што е доказ дека работите се променети. “Тоа значи…

Повеќе