Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Падна првиот снег и во Македонија

    23.09.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
    • Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Граѓаните да очекуваат промени во правосудството во 2026 година

    Николоски: Граѓаните да очекуваат промени во правосудството во 2026 година

    02.01.2026 во 17:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Решавање на катастрофалните состојби во судството и Обвинителството преку промени е она што треба да очекуваат граѓаните и што треба да се случи во 2026 година, истакна во интервјуто за ТВ Алфа, вицепремиерот Николоски.

    ” Конечно ќе има промена во Обвинителството, веќе има в.д. Јавен обвинител и веќе има транспарентен оглас за пријавување за нов Јавен обвинител, кој што се надевам со многу поголема енергија ќе влезе во целата работа, рече Николоски.

    Како позитивна работа вицепремиерот ги потенцираше состојбите во царината, каде изминатата година државата генерирала 100 милиони евра дополнителен приход, што е доказ дека работите се променети.

    “Тоа значи дека тие 100 милиони се краделе и исчезнувале, сега треба да се среди судството и Обвинителството, потенцираше потпретседателот на Владата.

    Во однос на правосудниот систем, Николоски спомена класични примери, како пример за работата на судовите и обвинителствата во државата.

     “Пред 8 месеци завршена изградбата на браната Конско кај Гевгелија, заради една одлука која што ја чекаме од гевгелискиот суд околу прашање за експропријација, доцниме 8 месеци. Било каква да е одлуката, независно дали ќе биде во корист на странката или во корист на државата, никој не сугерира како да го решат проблемот, еве апелирам да одлучат. Во Управен суд имате предмети кои што стојат од 2022, тоа се човечки судбини. Бракоразводна парница трае од година до година и пол, катастрофа. Тоа се стресови за семејства, за деца, за роднини. Значи во една катастрофална состојба е судството, а со него и Обвинителството”, заклучи Николоски.

    Прочитај повеќе

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59

    Тинејџер ја натепал баба му

    23.09.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.