- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Стотици припадници на Националната гарда од Калифорнија и Тексас, распоредени во Портланд и Чикаго како одговор на протестите поради репресиите против имиграцијата, ќе се вратат во своите матични држави, потврди функционер на Министерството за одбрана на САД. Официјалниот претставник за „Си-Би-Ес“ изјави дека бројот на припадници на Националната гарда на Орегон во Портланд ќе се намали од 200 на 100. Во исто време, околу 300 војници од Националната гарда на Илиноис, кои се дел од истата операција, ќе останат под федерална контрола. Според официјалниот претставник, околу 200 војници од Националната гарда на Калифорнија, распоредени во Портланд минатиот месец, ќе се…
Хотел во историскиот центар на Истанбул беше целосно евакуиран откако три члена на турско-германско семејство починаа под сомнение за труење со пестициди, јавуваат турските медиуми. Семејството, кое живеело во Германија, се разболело во средата по јадење популарни специјалитети во квартот Ортакој, на брегот на Босфор. По хоспитализацијата, починале децата на возраст од три и шест години, а во петок починала и мајката, соопшти турското Министерство за правда. Таткото, според медиумите, се наоѓа во критична состојба. Иако првичните сомнежи биле насочени кон труење со храна – поради што ресторанот каде јаделе бил веднаш затворен – новите информации укажуваат дека пестициди биле…
Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање. Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство при ребалност вети дека ова нема да случи. Кога со ребаланост се намалија средствата рековме дека нема да дозволиме тој да не профункцира, за потоа да донесете измени во законот со кои инспекторатот се намали на ниво на одделение, отсек…
Вчера во попладневните часови беше пријавено во ЦУК дека преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.Екипа веднаш излезе на терен и за среќа ги пронајде двете лица живи и здрави. „Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски…
На 14.11.2025 во 13:00 часот во с.Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с.Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 – годишен брат. По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А.ќе биде поднесена соодветна пријава. Видеото погледнете го ТУКА
Лишени од слобода двајца возачи во Велес и Кавадарци, управувале возила со брзина поголема од дозволената и под дејство на алкохол На 16.11.2025 во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(40) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. На 16.11.2025 во 04:15 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци…
Утрово во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен југозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од –3 до 5 степени, додека максималните ќе достигнат од 16 до 20 степени. Во Скопје, наутро на поединечни локации ќе се појави слаба магла. Преку ден ќе биде сончево, претежно тивко, со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 16 степени. Утре се очекува зголемување на облачноста, а од вторник ќе преовладува променливо…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска престојува во Атина, каде што ќе оствари средби со грчкиот претседател Константинос Тасулас, премиерот Кирјакос Мицотакис и претседателот на парламентот Никтас Какламанис. Според најавите, енергетиката и природниот гас ќе бидат во центарот на разговорите. Од безбедносни причини, посетата беше официјално соопштена дури утрово. Во исто време, грчката полиција донесе одлука да забрани собири и протести во Атина од 6:00 до 22:00 часот, како во центарот на градот така и во неколку околни населби. Зеленски преку Икс најави дека главната цел на посетата е постигнување енергетски договор со Грција. „Денес веќе подготвивме договор со Грција за…
На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како исклучително развоен со силна социјална компонента. Тој истакна дека целта е забрзување на економскиот раст и спроведување фискална консолидација преку зајакната финансиска дисциплина, воедно посочувајќи дека најголем двигател на растот ќе бидат бруто-инвестициите. „Во 2026 година се очекуваат позитивни движења и економскиот раст да забрза за 3,8%, како резултат на растот на инвестициите и последователен пад на стапката на невработеност на историски најниско ниво од околу 10%, раст на пензиите и платите и солидно зголемување на приватната потрошувачка. Најголем придонес…
Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски. Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС. Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев. За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Се додека сè се…
