- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
- Мицкоски: Органодарителството е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува
- Се удави младо момче во Охридското Езеро
- Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
- Мисајловски од Париз: Инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет
- ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада
- Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот
- СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?
Author: Author 03
СДСM денес излезе со соопштение каде што насловот вели “Мицкоски има виза за Британија и гради зграда од 45 ката во Белизе. Oд владејачката ВМРО-ДПМНЕ го демантираат ова. „Прво демантираме било какви измислици и лажни вести од страна на СДС. Но, би сакал во истото тоа соопштение да цитирам еден пасус, којшто е навистина многу важен и апропо денешната прес-конференција, каде што вели, цитирам: „Д-р Венко Филипче работи како доктор и не се занимава со градење какви било згради, а особено не со зграда од 42 ката во Дубаи со Зоран Заев, кој веќе пет години е во политичка пензија.…
Во Централноафриканската Република денеска се одржуваат повеќекратни избори, на кои граѓаните гласаат за претседател, парламент, како и за регионални и локални власти. Актуелниот претседател Фаустин-Арчанг Туадера повторно е кандидат, настапувајќи во трка за трет претседателски мандат. Туадера во кампањата го истакна подобрувањето на безбедносната состојба во земјата, кое, според него, е постигнато со поддршка од руски платеници и воени сили од Руанда. Прелиминарните изборни резултати се очекуваат најдоцна до 5 јануари. Во случај ниту еден од претседателските кандидати да не обезбеди апсолутно мнозинство од над 50 проценти, вториот круг од изборите ќе се одржи на 15 февруари. Шеесет и осумгодишниот…
Премиерот сè уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството за меѓуетнички односи, со што ги навреди не само нив, туку и нивните семејства, велат од ДУИ. Со своите изјави, тој упати клевети без никакви факти, без докази и без никаква одговорност, насочувајќи обвинувања кон жени и мажи кои прво беа понижени со нечовечки услови за работа, а потоа беа претворени во објект на јавен линч. Во исто време, надлежниот министер Стоилковиќ сè уште нема поднесено оставка, иако под негово раководство беа создадени деградирачки услови за работа и беше дозволена…
На 27.12.2025 во 21:15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.К.(60) од Скопје. Околу 17:00 часот на ул. „Димо Хаџи Димов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.К. и товарно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(31) од с. Морани, општина Студеничани, по што била удрена и 19-годишната А.С. – пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобиле возачот…
Денеска објавуваме нова бомба, нов скандал! Повторно со тендери, милионски, криминални. Фактите и доказите коишто денеска ги објавуваме пристигнаа до нас од свиркачи преку платформата МИЦКО.мк. Граѓаните ни се приклучија, заедно ја водиме борбата против криминалот и корупцијата. И како што кажавме, нема да престанеме!, изјави на денешната прес-кофнеренција Рената Младеновска – Извршен одбор СДСМ. Одиме по ред. Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија.Договор што го склучила е за чистење и одржување на хигиена.Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без…
Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај на сите возила во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила. Првата блокада ќе трае до 16 часот по грчко (15 по македонско време), по што…
Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката. После оваа јавна потврда, во јавноста се јавуваат нови дилеми, на кои Филипче треба да даде одговори, како на пример, како дошол до златната виза за Дубаи, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Кога пред извесно време во јавноста се појави темата со златна виза на Филипче за Дубаи, тој се правдаше дека истата ја стекнал поради работен ангажман додека бил во напредни…
Ангола и Намибија постигнаа договор со Велика Британија за прифаќање на нивни државјани кои нелегално престојуваат во земјата, како и лица осомничени или осудени за криминал, откако Лондон се закани со воведување визни санкции за државите што одбиваат соработка, соопшти британското Министерство за внатрешни работи. Истовремено, британските власти објавија дека на Демократска Република Конго ѝ е укинат забрзаниот режим за добивање визи, како и преференцијалниот третман за државни службеници и носители на одлуки. Оваа мерка е воведена поради, како што наведуваат британските медиуми, недоволна соработка со Лондон во делот на враќање на лица без право на престој. Министерката за внатрешни…
Русија цврсто се спротивставува на каква било форма на независност на Тајван и го смета островот за составен дел на Народна Република Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во соопштение објавено денеска. Во интервју за руската државна новинска агенција, Лавров нагласи дека позицијата на Москва по ова прашање е непроменета и во согласност со кинескиот суверенитет. Истовремено, тој упати и предупредување до Јапонија, повикувајќи ја „внимателно да размисли“ за, како што рече, курсот кон зголемена милитаризација. Осврнувајќи се на војната во Украина, Лавров истакна дека евентуално распоредување европски воени сили на украинска територија би претставувало директна закана…
Еден жител на Куманово е уапсен откако во неговиот автомобил биле пронајдени повеќе од 270 парчиња стар кован метал од различни историски периоди, соопшти полицијата на Северна Македонија. Како што се наведува во соопштението, македонските полициски службеници го уапсиле 39-годишниот Ф.С. од Куманово на 25 декември навечер, на граничниот премин „Табановце“, при влез од Србија во Северна Македонија. „При граничната контрола и проверка на возило марка ‘Фиат’, со швајцарски национални регистарски таблички, биле пронајдени и одземени 271 кованица со различна големина и форма, кои потекнуваат од различни временски периоди“, се наведува во соопштението. Се додава дека, по целосно документирање на…
