Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

    СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

    28.12.2025 во 11:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска објавуваме нова бомба, нов скандал! Повторно со тендери, милионски, криминални.
    Фактите и доказите коишто денеска ги објавуваме пристигнаа до нас од свиркачи преку платформата МИЦКО.мк. Граѓаните ни се приклучија, заедно ја водиме борбата против криминалот и корупцијата. И како што кажавме, нема да престанеме!, изјави на денешната прес-кофнеренција Рената Младеновска – Извршен одбор СДСМ.



    Одиме по ред. Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија.

    Договор што го склучила е за чистење и одржување на хигиена.

    Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство.


    Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација.



    Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години.


    Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана.

    Како?

    Со тоа што во групната понуда се појавува подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената.

    Сомнително?

    Само дваесетина дена откако фирмата го добива милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик станува Сашо Петровски.  

    Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот.

    Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода.

    Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзата со ЗНАМ.

    ВМРО и ЗНАМ си делат милионски тендери додека нема пари за плати и пензии, нема за минимална плата.

    АКТ продолжува со откривање на сите скандали, на сите криминални тендери за испумпување на парите на граѓаните.

    Нема да запреме! Борбата против криминалот и корупцијата продолжува!

    Сите ќе одговарате.


    Работата не е завршена!, изјави Млааденовска од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.