Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По апсењето на Мадуро, Трамп со остри предупредувања до повеќе држави

    По апсењето на Мадуро, Трамп со остри предупредувања до повеќе држави

    05.01.2026 во 18:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили за време на викендот, претседателот Доналд Трамп и неговата администрација упатија серија предупредувања кон повеќе држави, меѓу кои Колумбија, Куба, Мексико, Иран и Гренланд – автономна територија на Данска, јавува Си-Ен-Ен.

    Трамп порача дека целта на САД е стабилност и контрола во регионот.

    „Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата е дозволено слободно да тече“, изјави тој.

    Американскиот претседател додаде дека „американската доминација на Западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање“.

    Осврнувајќи се на Гренланд, Трамп рече дека островот е „стратешки важен од перспектива на националната безбедност“ и оцени дека Данска самостојно не може да ја гарантира неговата безбедност.

    Трамп упати остри критики и кон колумбискиот претседател Густаво Петро, нарекувајќи го „болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава на САД“. Запрашан за можна интервенција, тој одговори: „Тоа ми звучи добро“.

    Во врска со Куба, Трамп оцени дека „не е потребна акција“, бидејќи, според него, земјата „сега нема приходи“ од венецуелската нафта.

    За Мексико, американскиот претседател повтори дека дрогата „се излева“ преку земјата и порача дека „Мексико мора да се собере“.

    Во однос на Иран, каде што продолжуваат антивладините протести, Трамп упати остро предупредување: „Ако почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото, мислам дека САД ќе ги удрат многу силно“.

    Прочитај повеќе

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.