Close Menu
Press24
    Најново

    Први случаи на западнонилска треска во Србија

    06.08.2026 во 23:44

    Бруклин Бекам и неговата сопруга прославија годишна од  брачните заве

    06.08.2026 во 23:21

    ФДА даде зелено светло за првата мРНК вакцина против грип: Новиот препарат на „Модерна“ наменет за лица над 50 години

    06.08.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Први случаи на западнонилска треска во Србија
    • Бруклин Бекам и неговата сопруга прославија годишна од  брачните заве
    • ФДА даде зелено светло за првата мРНК вакцина против грип: Новиот препарат на „Модерна“ наменет за лица над 50 години
    • Косово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ
    • Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска
    • ЕУ за состојбата во Шпанија: Нема нови извештаи за мигранти кои ја напуштиле Сеута кон континентот
    • Володимир Зеленски во сабота во официјална посета на Белград
    • Унгарскиот парламент во вторник го избира шефот на државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и заедно да градиме благосостојба

    Претседателката со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и заедно да градиме благосостојба

    06.01.2026 во 20:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање – Божиќ.

    Во својата порака, претседателката посака празничниот мир да влезе во секој дом.

    Претседателката истакна дека Божиќ, како ден на раѓањето на Спасителот, служи како инспирација за добрина и меѓусебна помош.

    „Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. Рождеството Христово нè вдахновува со неизмерна љубов, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош и утеха на сите на кои им се потребни“, вели Сиљановска-Давкова.

    И годинава, вели претседателката, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.

    „Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество“, вели Сиљановска-Давкова.

    Покрај до граѓаните, претседателката упати честитки и до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

    Честитката завршува со традиционалниот христијански поздрав „Христос се роди!“

    Претседателката денеска традиционално, во претпладневните часови, беше посетена од групи деца и млади од бадниковите поворки. Таа во духот на празникот ги дарувала со бадникови пакетчиња.

    Прочитај повеќе

    Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска

    06.08.2026 во 22:07

    Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

    06.08.2026 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.