Author: Author 03

Поранешниот претседател на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, реагираше на најновите глобални случувања, осврнувајќи се на рускиот напад врз Украина, апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и на потезите на Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека годината започнала „турбулентно“. Говорејќи за апсењето на Мадуро, Медведев наведе дека постојат само две можни сценарија. „Денес постојат само две сценарија: или САД тивко ќе го ослободат киднапираниот венецуелски претседател под убедлив изговор (мала веројатност), или тој ќе стане новиот латиноамерикански Мандела (најверојатно). Тогаш неговото име ќе биде запишано во аналите на јужноамериканската историја заедно со Боливар, Миранда и Чавез. Дури и ако Мадура, од тврдоглавост,…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицковски вечерва е во општина Маврово и Ростуше за поддршка на кандидатот за градоначалник за општината на локалните избори кои ќе се одржат во недела на 11 јануари. Вечерва сме во Маврово и Ростуше со силна енергија, јасна визија и искрена поддршка за Онер Јакупоски – Кандидат за Градоначалник за Општина Маврово и Ростуше, истакна Мицкоски. Мицкоски во објавата нотира: „Со искрена поддршка покажуваме дека кога сме сплотени и обединети, можеме многу повеќе. Заедно градиме надеж, доверба и развој за секое семејство“!

Повеќе

Врнежите од дожд во Албанија почнаа да се намалуваат во поголемиот дел од земјата, освен во Драч, но последиците од невремето остануваат сериозни. На состанок на Меѓуминистерскиот комитет за цивилни вонредни ситуации, премиерот Еди Рама соопшти дека досега се евидентирани 1.587 поплавени домови и други објекти, а евакуирани се 339 лица и 51 семејство. Тој потврди и една жртва – вработен во комуналната служба на општина Драч. Под вода се наоѓаат и 13.211 хектари земјоделско земјиште, што може да предизвика сериозни последици врз производството и снабдувањето. Рама нагласи дека во некои средини вода навлегла и во здравствени центри и образовни…

Повеќе

Бројот на жртвите во анти-владините протести во Иран се искачи на најмалку 62 лица, јавува американската новинска агенција „Активисти за човекови права“. Според истите извори, за време на демонстрациите се уапсени најмалку 2.300 лица. Иранските власти денеска најавија дека безбедносните сили ќе преземат репресивни мерки против демонстрантите, што е директен одговор на јавната поддршка за протестите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој порано изрази поддршка за мирните демонстрации, откако бројот на загинати достигна најмалку 50 лица. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, го отфрли ставот на Трамп, оценувајќи го како човек „чији раце се извалкани со крвта на Иранците“.…

Повеќе

Швајцарските обвинители денеска соопштија дека е одреден притвор за еден од сопствениците на барот „Ле Констеласион“ во ски-центарот Кран-Монтана, кој изгоре во новогодишната ноќ. Во пожарот загинаа 40 лица, а локалните медиуми јавуваат дека налогот за апсење е веќе извршен. Обвинителството води истрага против сопствениците, француските државјани Жак (49) и Џесика Морети (40), под сомнение за сторени кривични дела кои вклучуваат убиство од небрежност. Притворот за Жак Морети е одреден поради опасност од бегство, откако семејствата на жртвите поднесоа тужби против сопствениците. Повеќе од половината загинати се тинејџери, а уште 116 лица се повредени, многумина во тешка состојба. Брачниот пар…

Повеќе

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, но на делници кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, соопштуваат од ЈП Македонијапат. Слаби врнежи од снег се забележани на Попова Шапка, додека во Македонски Брод, Крушево и Ресен има врнежи од снег проследени со дожд. Од Јавното претпријатие апелираат до возачите на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот. Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар. Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар. Претседателот Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес…

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека го откажал вториот бран напади врз Венецуела откако Каракас се согласи на соработка. Тој истакна дека САД и Венецуела сега добро соработуваат, а големите нафтени компании се подготвени да вложат најмалку 100 милијарди долари во обновата на инфраструктурата. „Ова е многу важен и паметен гест. САД и Венецуела добро соработуваат, посебно кога станува збор за обнова, во многу поголем, подобар и помодерен облик, на нивната нафтена и гасна инфраструктура. Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, што изгледа нема да е потребен, но сите бродови ќе останат на место поради…

Повеќе

Бирото за криминални истраги на Минесота се повлекува од истрагата за смртта на 37-годишна жена, застрелана од агент на американската Имиграциска и царинска служба. Одлуката доаѓа по прекин на соработката од страна на Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за правда на САД, објавија од Бирото. „Без целосен пристап до доказите, сведоците и собраните информации, не можеме ги исполниме истражните стандарди што ги бараат законите на Минесота и јавноста“, се наведува во официјалното соопштение. Дополнителни информации за причините поради кои федералните институции ја прекинале соработката, како и за понатамошниот тек на истрагата, засега не се соопштуваат.

Повеќе

Со дополнителна опрема спремни сме за зимски интервенции, информираа попладнево од јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино. – Иако кај нас се уште го нема, околу нас, на север и северозапад од нас, снегот заврна и како и секогаш, прави проблеми. Ние во „Комуналец“ се подготвуваме и спремни сме доколку се јави потреба да се справиме со овој зимски предизвик, соопштија од претпријатието. Оттаму истакнаа дека сега се уште поподготвени од минатата година. – Покрај веќе постојните машини и алати за зимски интервенции, сега сме обезбедени со уште два ножа како приклучни машини за тракторите за туркање на снегот. Покрај постојните…

Повеќе